Home / СУС Велес / СУС Велес / Училишниот спорт во Велес на високо ниво

Училишниот спорт во Велес на високо ниво

Во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес, на 26.11.2010 год. (петок) во Општина Велес, се организираше работна средба со претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, г-дин проф. д-р Александар Туфекџиевски и тоа на тема: Улогата на Локалната самоуправа и ЗЕЛС во развојот и унапредувањето на училишниот спорт. Покрај претседателот на ФУСМ, како гости беа и г-дин Герман Боглев, генерален секретар на ФУСМ, г-дин Лазе Поповски од Агенција за млади и спорт и престваниците на одделението за образование при ЕЛС – Велес г-дин Божидар Јовиќ и марија Настова и  претседателот на Сојуз на спортови на велес, г-дин Зоран Гуровски. На оваа работна средба учество земаа и директорите на ООУ и СОУ од Велес,  наставниците по ФЗО и Спорт и спортски активности.

На самиот почеток претседателот на СУС – Велес, г-дин Славчо Давитков како вовед  ја престави поставеноста на СУС – Велес на локално ниво и добра релација СУС – ЕЛС-Велес и  постигањата кои што ги имаме од поддршката од Општината. Кон ова поддршка даде и советникот Горан Здравковски кои воедно е претседател на  комисијата за спорт и малди при Советот на Општина Велес. Самиот истакна дека во Буџетот на Велес за 2011 година СУС – Велес  има добиен добра сума на средства како поддршка на училишниот спорт. Претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, г-дин проф. д-р Александар Туфекџиевски во рамките на оваа работна средба  истакна дека со вклучувањето на што поголем број на ученици во спортот, со тоа добиваме и поквалитетен спорт и во клубовите и спортот воопшто. Тој препорача да ЕЛС-Велес да се води со препораките на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и ФУСМ, а тоа се и да формраат училишни спортски клубови при училиштата со што би се содале услови за развој на училишниот спорт. Лазе Поповски, преставник на АМС во рамките на оваа средба истакна  дека треба да се негува ушилишниот спорт затоа што преку спортистите се создаваати економски промотори со вклучување на бизнис секторот, а со тоа се развива спортот во општо. На оваа средба имаше и голе број на прашања поврзани со наствата по ФЗО, опременоста на салите,условите за работа и реализирањето на наставната програма.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu