Home / СУС Велес / СУС Велес / Спортскиот дух го разбранува ООУ Благој Кирков

Спортскиот дух го разбранува ООУ Благој Кирков

Веќе десетина денови вработените и учениците  од ООУ Благој Кирков сериозно се ангажираат околу подготовките за претстојното Државно првенство во кошарка – женски за основно образование, кое ќе се одржува на 22, 23 и 24 Март во спортската сала на  основно училиште. Организираноста во училиштето и соработката со Сојуз на спортови  е на завидно ниво, се подготвуваат покани, плакати, се варосува, бојадисува, чисти и уредува  спортската сала и се прават подготовки за прифаќање и сместување на гостите – натпреварувачи. Петте најдобро пласирани  кошаркарски женски екипи од основните училишта, кои се од различни делови на Македонија: Скопје, Пробиштип, Гостивар и Битола  ќе учествуваат на ова првенство и ќе бидат гости во ова училиште, а ќе бидат прифатени и од учениците  од  основните училишта на град Велес. На ова Државно првенство ќе учествува и кошаркарската женска екипа на  домаќинот ООУ Благој Кирков и целокупно како спортска манифестација истото се очекува да биде потпомогнато од општината и од неколку реномирани фирми од градот, а воедно  да има  натпреварувачки и забавен карактер.
„Се надеваме дека спортскиот дух ќе ја наполни спортската сала на ООУ Благој Кирков и ќе  предизвика интерес меѓу учениците и вљубениците во кошарката, а нашиот град ќе биде претставен во најдобро светло!”, рече  м-р Македонка Виларова директор на ООУ Благој Кирков.

 

Превземено од www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu