Home / Спортски настани / Спортски настани / Започнува нова пинг-понг ера во спортската сала „Гемиџии”.

Започнува нова пинг-понг ера во спортската сала „Гемиџии”.

Масите пристигнаа и се монтираат денеска. Ќе ги има вкупно четири. Надлежните решија да им понудат пинг понг рекреација затоа што во контактите кои ги реализирале со другите спотски центри им било предочено дека има голем интерес за овој спорт.
„Купивме четри комплетно нови маси. Донесовме и опрема за играње. Граѓаните само треба да дојдат и да играат. Мислиме дека има голем интерес и затоа сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните”, вели Александар Табаков директор на ЈП Парк-Спорт.
Утрешниот прв ден ќе биде бесплатен за играње пинг-понг. На рекреација можат да дојдат буквално сите заинтересирани граѓани. Веќе од четрвток надлежните ќе се наплаќаат  по редовна цена, 60 денари за еден саат. „Одлучивме утрешниот ден кога за прв пат ги пуштамемасите да бидепромотивен ден ,бесплатно за сите. Апелираме до граѓаните во иднина да се пријавуват кај одговорните овде во салата, нешто слично дако за мал фудбал за да се избегнат гужвите”, вели Табаков. Масите се поставени во холот на салата и  можат да се видат од улицата Алексо Демиевски. Комплетната опрема за пинг-понг е инвестиција на ЈП Парк – Спорт , прва од ваков тип од неговото формирање во 2005-та.

 

Превземено од www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu