Home / СУС Велес / СУС Велес / Државно првенство во кошарка за ученички од основно образование

Државно првенство во кошарка за ученички од основно образование

Во Велес од 22-24.03.2012 год. се одржа Државно првенство во кошарка за ученички од основното образвание на кое учество земаа шест екипи. Домаќин беше ОУ” Благој Кирков” а покрај домаќинот учество земаа и следните  екипи׃ ООУ “Браќа Миладиновци” од Пробиштип , ООУ “Климент Охридски” од Битола, ООУ “Ѓорѓи Пулевски” од Скопје, ООУ “Гоце Делчев” од Гостивар и ООУ “Кочо Рацин” од Скопје. Како и сите Државни првенства и ова се одржа под капата на ФУС на Македонијаа во реализација на Сојузот на училишен спорт на град Велес и домаќинот ОУ “Благој Кирков”. Организацијата беше беспрекорна благодарение на одличниот домаќин на чело со директорката g-га Македонка Виларова. За сместувањето покрај домаќинот се погрижија повеќето од основните и едно средно училиште, што е доказ дека соработката помеѓу училиштата во вакви моменти не изостанува,што е посбно добро за Општина Велес а се разбира посебно за училишниот спорт во градот. Службени лица на Државното првенство беа делегат: Гуновски Димитар, судии: Цветко Арсов, Крстевски Душан и Стојков Љубиша, записничари: Надица и Наташа Петрови и мерач на време: Гуновски Блажен

На крај вака изгледаше пласманот на екипите׃

Прво место        ОУ “Браќа Миладиновци” од Пробиштип

Второ место      ОУ “Климент Охридски” од Битола

Трето место       ОУ “Ѓорѓи Пулевски” од Скопје

Четврто место ОУ “Благој Кирков “од Велес

Петто место      ОУ “Гоце Делчев” од Гостивар и

Шесто место     ОУ “Кочо Рацин” од Скопје

Општа консатација е дека првенството беше квалитетно и изедначено и без забелешки од ниту еден претставник на екипа.

 

Pревземено од www.susveles.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu