Home / Спортски настани / Спортски настани / Програма за развој на спортот во РМ

Програма за развој на спортот во РМ

Врз основа на член 23, став 1 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија “ број 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), Владата на Република Македонија на својата седница под бр.41-6936/1-12 од 3.01.2013 година , ја донесе програмата за развој на спортот за период од пет години.
Комисијата именувана од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски во состав: Александар Пујовски, проф. д-р Зоран Радиќ, Зоран Шишковски, Татјана Блажевска, Февзи Мани и Бошко Лепчевски,  која ја изработи програмата, истата ја обликувше врз основа на аналитички принцип, имајќи го предвид реалниот сразмер, односно, општествената сообразност на спортските субјекти и другите страни вклучени во спортот со реалните параметри од повеќе сегменти кои ја одразуваат состојбата во која тој се наоѓа, а во консултација со националните спортски федерации, Македонскиот олимписки комитет, високо профилирани поединци од акредитирани висоокообразовни установи од областа на физичката култура и здравственото образование и останати истакнати поединци вклучени во оваа сфера. Оттаму, оваа програма е развоен документ темелен врз реални согледувања за постојната состојба во која спортот денес се наоѓа, но и врз објективни претпоставки за негов натамошен развој. Со оглед дека спортот претставува универзално средство за креирање и остварување на вредностите со кои се менува општествената свест за придобивките од национална кохезија по ова прашање, средство за афирмирање на демократијата и остварување на основните човекови права и слободи, средство за зајакнување на економијата и пред се поттикнување на здравјето на граѓаните на Република Македонија, со што, следствено, се овозможува и перманентен индивидуален професионален развој на граѓаните на Република Македонија и градење етички постулати како вредност произлезена од спортот, квалитативно унапредување на меѓусебната соработка, тимската работа, почитувањето на другите, фер плејот.

Програмата за развој на спортот во Република Македонија за периодот 2013-2017 е насочена кон
–    вклучување на граѓаните од сите возрасни категории и социјални структури во спортот и спортските активности во насока на повеќекарактерно подигнување на квалитетот на нивното живеење, како предуслов за достигнување придобивки одразени низ параметри од кои произлегуваат атрибути за постоење здрава нација.
–    спортистите и националните тимови од Република Македонија, низ унапреден национален систем на натпревари и континуиран тренажен процес, да достигнат квалитет кој ќе овозможи остварување на високи спортски резултати во рамки на меѓународниот систем на натпревари;
–    креирање стабилен систем за поддршка и развој на оваа дејност со цел да се обезбедат одржливи извори за негово финансирање низ поттикнување на стопанските субјекти истиот да го поддржуваат, односно, кон воспоставување платформа за остварување на идејата за унапредување на атрибутите кои водат кон зајакнување на националните вредности одразени преку спортот.
Низ практикувањето на спортот и спортско-рекреативните активности, како начин на живеење, се гради исправен однос кон другите и кон општеството, односно, квалитативно и повеќесегментарно се подобрува културата на живеење. Спортско-рекреативните активности, одразени низ меѓународно прифатената форма како израз за масовно спортување – „Спортот за сите“ – да постане култура на живеење на секој граѓанин на Република Македонија.

 

 

проф. Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu