Home / Спортски настани / Спортски настани / Алеш Пипан нов селектор во МКФ

Алеш Пипан нов селектор во МКФ

Словенечкиот стратег Алеш Пипан е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Пипан, кој изминативе неколку месеци успешно го предводи шампионот МЗТ Скопје, ќе ги предводи „црвено-жолтите“ на Евробаскетот во Словенија во септември, откако со челниците на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) постигна договор. Искусниот тренер, кој до пред неколку дена ја вршеше селекторската функција на Полска, на националното кормило го наследува Марјан Лазовски, кој го водеше македонскиот состав на Олимписките квалификации во Венецуела. Во текот на наредната седмица ќе биде закажана и прес-конференција на која Алеш Пипан официјално ќе биде презентиран како нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, а ќе биде претставена и деталната програма за подготовките и настапот на Евробаскетот 2013 година.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu