Пред поаѓањето на светското првенство во ракомет во Шпанија, македонската ракометна репрезентација на 8.1.2013 год. (понеделник), беше примена од претседалот на Република Македонија, г-дин Горге Иванов. Изразувајќи поддршка во името на сите граѓани на Република Македонија, Претседателот им посака многу среќа и успех на македонските репрезентативци на претстојните натпревари.
„Онаму каде што е репрезентацијата, таму е и Македонија. Вие сте идоли на младите генерации и благодарение на вас многу млади го одбрале и ќе го одберат спортот. Вие сте нашите најдобри амбасадори и не се сомневам дека повторно ќе направите целиот свет да зборува за Македонија”, порача македонскиот претседател
проф. Ангелче Гушев