Home / СУС Велес / СУС Велес / Меморијален турнир во одбојка

Меморијален турнир во одбојка

Во организација на Активот по ФЗО при ООУ “Васил Главинов“ од Велес,  а под покровителство на Општина Велес, СУС Велес 2002, како и синдикалнатa организација на  училиштето, на 14.12.2012 год. (петок) по втор пат беше организиран  Меморијалниот одбојкарски турнир “проф.Илош Анастасовски“. Турнирот се одржа во спортската сала при училиштето.  На овој турнир учество земаа гости од ООУ “Лирија” од Тетово , како и ЖОК ” БОРЕЦ-БРАКО” и  училишните спортски екипи , кои меѓусебе одиграа неколку натпревари. На овој Меморијалот учествуваа колеги од сите училишта од градов , од матичниот колективот, представници на општината и неговото семејство. Во знак на огромна почит кон колегата проф. Илош Анастасовски од страна на училиштето беше доделена Спомен Плакета за несебичното залагање во одбојката. Само на овој начин ке се продолжи неговото дело и постоење.  Почивај во мир професоре Илош !!!

 

 

 

проф. Весна Николова наставник при ООУ “Васил Главинов“ – Велес

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu