Home / Спортски настани / Спортски настани / Ја постигнуваме целта

Ја постигнуваме целта

Драги читатели, драги корисници, нашето постење веќе е оправдано, а со тоа сметаме дека ја постигнавме и целта за која што го формиравме сајтот – иновација и едукација на нова спортска технологија. Сајтот прерасна во место каде што голем број на ученици, наставници, спортисти, рекреативци ги дополнуваат и ги надградуваат своите знаење и својата стручност. Сајтот покрај едукативниот карактер има и информативна задача, односно да ги информира читателите за голем број на спортски настани во град Велес и Република Македонија. Да шири информации за училишниот спорт и активностите на Сојузот на спортови на град Велес и Општина Велес. Ја поминавме границата над 12.000 посетители или пак педесетина посети во текот на еден ден…

Па како потврда на сето тоа на 29.12.2011 год. (четврток)  во рамките на манифестација “Избор на спортис на Велес за 2011“,  веб порталот www.kineziologija.mk во рамките на посебните признанија,  доби Признание за развој на спортот во Велес.За порталот беше кажано следното “… Посебни признанија на свеченоста по повод изборот на  спортист на градот  доби и веб порталот www.kineziologija.mk . Тој е првиот  сајт во Македонија што ги обработува четирите области  на науката за движењата, а тука ке сретнете и едукација и иновација на  спортска технологија. Порталот го уредува професорот по спорт и спортски  активности, Ангелче Гушев….“

Администратор и творец  на порталот сум јас проф. Ангелче Гушев, кои што  имав визија на нов пристап кон науката за движења, кон тековни спортски  збиднувања. Во рамките на ова сакам да изразам и голема благодарност до колегата Златко Гуцев кои што во повеќе наврати зема учество во креирањето на страните на порталот, но и на порталот  www.lisica.mk со кои што многупати си разменувавме спортски информации се со една цел – РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ВЕЛЕС.

Благодарам на сите.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu