Home / Сојуз на спортови Велес / Сојуз на спортови Велес / Прогласени најдобрите спортисти на Велес за 2011

Прогласени најдобрите спортисти на Велес за 2011

Во годинава што изминува голем број на спортисти ја искористија можноста за своја афирмација, но и за екипите за која настапуваат. Најдобрите промотори на велешкиот спорт Општината и Сојузот на спортови ги наградија.  Наградата за најдобро средно училиште  во областа на спортот  отиде кај Општинското средно училиште Гимназија Кочо Рацин. Причина за добивање на ова признание се одличните настапи и резултати на ниво на град, на зона и на регион, па на крај прво место на државното првенство  во фудбал во машка конкуренција и 2 место во Македонија на женската екипа се доволна препорака дека признанието оди во прави раце. Најдобро основно училиште е прогласено Општинското основно училиште  Блаже Конески чии екипи на натпреварите на малата олимпијада го освоија 1 место во футсал машки,додека беа втори во ракомет и одбојка во машка конкуренција.  Проф.Димче Лефков од Гимназијата Кочо Рацин е прогласен за најуспешен спортски педагог. Негова  специјалност е фудбал, па така успехот на екипите и во машка и во женска конкуренција не е случаен. Во конкуренција  спортска манифестација наградени се :Отворен спортски ден-поради одлична организација, начинот на која е изведена и задоволството кај сите учесници од сите возрасти.

-Регата Гемиџии-Гемиџиите повторно пловеа и предизвикаа огромен интерес и внимание.Организаторите покажаа дека и ваков гломазен,интересен и на моменти опасен настан може да се доведе до совршенство.Но најважно од се е дека гемијата продолжува да плови.

-Meѓународен куп во спортски риболов Лазар Паунков-Ласка.Здружението на спортски риболовци Бабуна по кој знае кој пат се покажа како се организира спортски куп на највисоко ниво, од кој сите учесници ке понесат незаборавни импресии.

-Вечер на боречки вештини по повод ослободувањето на градот.Организирана од центарот за боречки вештини Бушидо. Кога на една манифестација ке продефилираат огромен број на спортисти и се ке помине како под конец тогаш наградата е во вистински раце.

Посебни признанија на свеченоста по повод изборот на сопртист на градот  добија и веб порталот www.kineziologija.mk .  Тој е првиот  сајт во Македонија што ги обработува четирите области на науката за движењата, а тука ке сретнете и едукација и иновација на спортска технологија. Порталот го уредува професорот по спорт и спортски активности, Ангелче Гушев.

Веб порталот www.lisica.mk. Тука редовно ќе бидете информирани за најновите спортски случувања,за последните резултати,за настапите кои не очекуваат.

Ангел Мицевски-Скакар  50 години активно учество во боречкиот спорт.По активната спортска кариера продолжи со тренерскиот позив.Голем број на извонредни спортисти под негово водство постигнаа одлични резултати.Ке се  сложите 50 години опстојување во еден спорт е за поздрав и почит.

Сојузот на инвалидизирани лица кој обрнува посебно внимание на спортот и рекреацијата.

Сојузот на училишен спорт доби признание за развој,популаризација и унапредување на спортот.

Постхумно признание  синоќа доби  Зоран Тодоров. Тој целиот свој животен век и го посвети на кошарката. Од Борец до Жито Вардар секогаш во првите редови кога е најтешко.Знаеше да се радува на победите и да тагува по поразите.За жал не е веќе меѓу нас, големиот љубител на спортот Зоран Тодоров.

Фудбалскиот судија  Боби Величковски е добитник на признаие.Тој  оваа година која е пред својот крај ги покажа сите свои квалитети е Боби Величковски-фудбалски судија. Беспрекорно правичен,одлучен без ниедна маана.

За човек во спортот кој имаше најголем напредок на меѓународен план е Боби Војдиновски карате клуб Гладијатор.Меѓународен судија во карате кој и годинава напредуваше на меѓународната судиска листа,беше учесник наголем број првенства и беше вистински амбасадор на велешкиот и меѓународниот спорт.

Димче Стефановски од кајак кану клубот Вардар,сосема заслужено го доби годинава признанието  за најдобар тренер во млади категории.

Работата со почетници е макотрпна и бара многу откажувања и напор.Кајакот е спорт каде во работата со млади се обрнува највеќе внимание.

Тренер на годината во сениорска конкуренција е Васко Василев.Тренер на женската ракометна екипа на Леов Бартек. Остручен во својата работа,техничко-тактички најподготвен од сите тренери.Темелнo во сите сeгменти и редовно секоја година воведува новини во тренинзите кои потоа на натпреварите носат бодови.

Екипно во младинска конкуренција на трето место се пласираше екипата на машкиот одбојкарски клуб Борец.

Второто место во државата беше одлична препорака за пласман на листата.Се обрнува големо внимание на работата со младите категории.

На второто место се пласираше екипата на младинскиот велосипедски клуб Велес. Најдобри во јуниорска и кадетска конкуренција во државата.Велес одсекогаш бил расадник на одлични велосипедисти.Традицијата продолжува.

За екипа на годината 2011 во категорија надежи на велешкиот спорт се прогласува кајак кану клубот Вардар.Државни прваци во младинска конкуренција каде во поединечна конкуренција се освоени првите три места.Во последните десетина години Вардар е неприкоснован во државата а оваа година беше само дел од низата успеси во клубот кој е преодреден за највисоки дострели.

Во категоријата надежи на велешкиот спорт најдобар нема бидејќи сите кои се на листата се први и најдобри.

-Филип Варналиев од одбојарскиот клуб Борец.Многу нешта зависат од играта на Филип во тимот.Второто место место во државата е само подстрек за уште понапорна работа.

-Илија Андов-стрелаштво.Ни доаѓа од стрелачкиот клуб Велес.

Државен првак во класата сериска програма.

 

 

превземено од www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu