Во рамките на државното првенство во пинг понг кое се одржа на 16.11.2012 год. во СОУ Гимназија “Кочо Рацин“ во Велес, се одржа и работен состанок со директорите и наставниците по спорт и спортски активности и ФЗО од ООУ и СОУ од град Велес заедно со претседателот на ФУСМ , проф. Александар Туфекџиевски. Претседателот на ФУСМ ги запозна присутните со идејата за регистрацијата на училишен спортски клуб во рамките на училиштата и сите придобивки кои произлегуваат од нивното формирање. Туфекџиевски воедно ги истакна и позитивните практични примери кои се појавиле од регистрираните 30 вакви училишни спортски клубови низ Републиката, а воедно напомена дека ФУСМ стои на располагање и финасиски да ја помогне административната регистрација за правното оформување на училишниот спортски клуб во рамките на секое училиште со по 5.000 денари помош.
проф. Ангелче Гушев