Home / СУС Велес / СУС Велес / Државно првенство во пинг понг

Државно првенство во пинг понг

Во рамките на програмските активности на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во организација на Сојузот на училишен спорт – Велес на 16.11.2012 год. (петок) се одржа државно првенство во ПИНГ ПОНГ (за средно образование). Домакин на првенството беше СОУ Гимназија “Кочо Рацин“ каде што и се одржаа натпреварите. На државното првенство учество земаа околу 70 пинпонгари во машка и женска конкуренција и тоа од градовите: Скопје, Штип, Струмица, Ресен, Крива Паланка, Велес. Првенството беше отворено од страна на претседателот на ФУСМ,  проф д-р Александар Туфекџиевски, а учесниците во името на општина Велес беа поздравени од страна на заменик градоначалникот на Велес, г-дин  Петре Саздов и директорот на Гимназијата г-дин Гордан Стојчевски.  Во рамките на државното првенство се одржа и состанок на директорите на ООУ и СОУ од град Велес, каде што пртседателот на ФУСМ , проф. Туфекџиевски ги запозна присутните со регистрацијата на училишен спортски клуб во рамките на училиштата и сите придобивки кои произлегуваат од нивното формирање.

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu