Home / Колективни спортови / Ракомет / Историја на ракометот

Историја на ракометот

Ракометот, во формат 7х7, како олимписки спорт е вратен во 1972 година, на ХХ Олимпијада во Минхен, но само за машки селекции. Се играше во сала, а први Олимписки шампиони станаа ракометарите на Југославија. На следните Олимписки игри, во Монтреал 1976 година, беше вклучен и женскиот ракомет. Прв женски Олимписки шампион, е репрезентацијата на СССР.Во формат 7х7, првото Светско првенство за мажи е организирано во 1954 година, во Шведска. Победи екипата на домакинот, Шведска. Првото женско Светско првенство, во овој формат, се одржа во Југославија, во 1957 година, а титулата ја освои селекцијата на Чехословачка.Нов импулс во развојот на ракометот, е формирањето на Меѓународната ракометна федерација (IHF) во 1946 година. Новата организација утврди програма за развој на ракометот, и почна со организирање на светски првенства, како во машка така и во женска категорија, во формат 11х11. Прв женски, светски шампион е екипата на Унгарија, која победи на првенството организирано во 1949 година во Будимпешта. Светските првенства во формат 11х11, се организирале еднаш на 4 години, и вкупно се одржани 7 првенства во машка, и 3 во женска конкуренција. Последното првенство во формат 11х11, е организирано во 1966 година, после што оваа игра престанува да постои, препуштајќи му место на ракометот во формат 7х7.Во 1936 година, ракометот е вклучен во олимписката програма, и на игрите во Берлин го добиваме првиот Олимписки шампион, тимот на Германија. Во исто време, на 4 конгрес на IAHF во Берлин, одлучено е да се организираат светски првенства, во формат 7х7 и 11х11 (според бројот на играчи), посебно. За почеток, беа предвидени натпревари само во машка конкуренција. Првото Светско првенство, организирано од IAHF, се одржа во Германија, во 1938 година, а титулата ја освои екипата на домакинот, Германија.Во 1928 година, во Амстердам, беше формирана Меѓународната аматерска ракометна федерација (IAHF), во која членуваа 11 национални федерации и која профункционира до 1944 година.Во 1926 година ракометот е признат како меѓународен спорт, што беше импулс за негово масовно ширење во Луксембург, Швајцарија, Шпанија и други земји.Во 1925 година одигран е првиот интернационален натпревар во кој Австрија ја совлада Германија со резултат 6:5.Во 1920 година, во Берлин, беа организирани првото првенство и првиот куп на Германија, а во 1923 година беа воведени нови правила: намален обимот на топката и правилата за “3 секунди“ и “3 корака“.Во 1917 година, берлинецот Макс Хејзер, ги спојува двете варијанти и ја создава новата игра “Handball“. Никој не претпоставувал дека новата игра, измислена како женска забава, ќе стекне огромна популарност во целиот свет.Нешто порано, во 1890 година во Чешка, стана популарна народната игра “Хазена“, со многу елементи на ракометот.Како дата на раѓање на спортската игра со топка, регистрирана во меѓународната спортска класификација како Handball (топка со рака), се смета 1898 година, кога во данскиот град Ордруп, наставникот по физичка култура во локалното реално училиште, Холгер Нилсен, држи часови на кои групи ученички (по 7) подаваат топка со рака и се обидуваат да постигнат гол. Својата игра тој ја нарече “хаандболд“Ракометот, во неговиот денешен изглед, го измислија  данските фудбалери на преминот од ХIХ и ХХ век, како замена за фудбалот во зимскиот период. За разлика од фудбалот, новата игра се играла исклучиво со раце, а секоја екипа се состоела од 6 играчи и голман.

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu