Home / СУС Велес / СУС Велес / Државно првенство во кајак на диви води

Државно првенство во кајак на диви води

На кајак патеката на диви води во Велес  (Железен мост – Нов мост), на 16.10.2011 год. (недела) се одржа државното првенство во кајак слалом на диви води. Првенството беше организирано од страна на  Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Велес и  Кајакарска федерацијата на Македонија. На државното првенство  учество земаа 35 кајакари од основните и средни училишта  од Република Македонија. Ова беше државно првенство кое за прв пат  се организираше во категоријата кајак слалом на диви  води во државата. Во категоријата К1 (машки) – основни училишта беше постигнат следниот пласман: прво место Александар Златаров  од ООУ “ЈХК – Џинот“ од Велес,  второ место Бојан Кимовски од ООУ “Св.Кирил и Методиј“ од Велес и трето место Стефан Кочов од ООУ “Блаже Конески“ од Велес.  Во категоријата К1 (машки) – средни училишта (прва и втора година) беше постигнат следниот успех: прво место Христијан Тодоровски од СГУ “М.М. -Брицо“ од Скопје, второ место Вили Јорданов од СОУ “Јовче Тесличков“ од Велес и трето место Пане Тодоров ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес.   Во категоријата К1 (машки) – средни училишта (трета и четврта година), прво место освои Игор Стефановски од СОУ “Гимназија Кочо рацин од Велес“, второто место го освои Иван Лајлушев од СОУ “Јовче Тесличков“ од Велес и третото место го освои Владимир Христов од ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес. Во категоријата К1 (девојки) – основни училишта,  првото место го освои  Даринка Александрова од ООУ “Благој Кирков“ од Велес, второт место Ивона Стефановска од ООУ “Блаже конески“ од Велес и Марија Неркова од ООУ“Блаже Конески“ од Велес. Во категоријата К1 (девојки) – средни училишта се појави самое еден кајакар и тоа беше Христина Бабунска од СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ од Велес

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu