Home / Колективни спортови / Кошарка / Шутирањето на топка преку глава – хорог

Шутирањето на топка преку глава – хорог

Шутирањето на топка преку глава од страна или хорог. Може да се шутира од место во скок или од движење. Фрлањето на топката може да биде параболично или праволиниско. Фрлањето го  започнуваме во дијагонален став со спротивната нога од раката со која што фрламе  да е одразна. Телотото треба да е бочно свртено, во однос на правецот на додавање. Топката ја држиме со двете раце напред пред телото и малку во страна. За деснаците , со левата рака ја потиснуваме топката, заедно со десната испружена рака  косо доле и во страна. Дланката од десната рака на почеток се наога малку под топката , а потоа со целата рака се свртуваме во рамото така што дланката да дојде под топката. Од таа положба го  започнуваме  исфрлањето на топката. Во попчетокот дланката ја потиснува топката од подлактицата, која дава поголема сигурност. Скоро испружената рака лачно започнува да се движи, потиснувајки ја топката во правец над главата , а претечката рака ја напушта топката нешто над десното рамото. Натамошните движења на фрлањето на кош се реализира со свиена рака во подлактицата, дланката и прстите. Паралелно со тоа се реализира и снажно замавнување со десната надколеница нагоре и свивање на подколеницата во коленото, додека пак со левата нога играчот се одразува во височина. Моментот на напуштање на топката, а со тоа и нејзината патека ја одредува дланката и прстите. Ако предвреме ја твориме дланката и прстите топкататопката ќе се дрвижи по повисока парабола, а ако тоа го сториме покасно, патеката ќе бидепоблису до праволиниско движење.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu