Зумба фитнес

Зумба фитнес е најуспешниот бренд во фитнес-вежбањето. Зумба  не е танц, не е ни верзија од класичен аеробик, туку е програма за вежбање која е смислена од Алберто Перез,  кој во 2001 година ја брендирал и ја шири низ светот преку лиценцираните Зумба фитнес инструктори. Накратко Зумба фитнес претставува програма на аеробични вежби каде што се вклучени елементи на танцување, т.е. комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно. Музиката е клучната состојка на Зумба часовите. Кореографијата креирана со специфични тактови и смени на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио движење, целат кон секоја мускулна група во телото. Зумбата позајмува латино вкусови од следните стилови на танцување: кумбиа, Салса, Мамбо, фламенго , Чачача, Регатон, Самба, Бејли денс, Хип хоп, Танго и многу други. Се покажало дека Зумбата на посебен и чудесен начин позитивно влијае врз вежбачите. Бенефити од Зумбата ги има многу, меѓу кои се: добивање на чуство на среќа и задоволство за време на вежбањето не се чувствува интензивното вежбање со кое се доаѓа до губење на масните наслаги и обликувањето на мускулите, подобрување на координацијата на телото до крајни граници јака и видлива Анти-Стрес терапија, трошење на голем број на калории во рамки од 500-1000 калории на 1 час, лесна и не-фрустрирачка околина за учење на нови движења во танците. Ќе знаете да танцувате по неколку часа зумба, а истото да го искористите во разни прилики кои ќе ви донесат дополнителни среќни моменти, добивање на позитивна слика за себе. Не само што ќе изгледате добро, туку и добро ќе се чуствувате.

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu