Тае Бо

Тае Бо е аеробична техника која стана популарна во деведесеттите. Развиена е од таеквондистот Били Бленкс и е една од првите кардио-бокс програми која ужива комерцијален успех. Оваа програма ги користи техниките на боречките вештини на брзо темпо и е создадена да го промовира фитнесот. Името е спој од таеквондо и боксување.

Историја
Бленкс ја развил оваа рутина во 1976 година со комбинирање на елементите од неговата боречка вештина и боксување за да создаде еден комплетен тренинг режим. Во текот на 1990 година серија од снимки била масовно презентирана на јавноста . До 1999 се продадени 1.5 милиони копии на видеата преку нивното промовирање на телевизијата. Како резултат на тоа Тае Бо стана феномен на поп културата во доцните деведесетти. Во салите за вежбање почнаа да се нудат програми базирани на кикбокс вежбите и биле слични на Тае Бо. Откога Били Бленкс стана заштитен знак другите не смееја да го користат терминот Тае Бо без да плаќаат дозвола за користење. Тае Бо видеата и ДВД изданијата станаа едни од најпродаваните фитнес помагала и многу слични програми се уште се нудат во салите за вежбите. Тае Бо вежбите се практикуваат ширум светот. Рутината вклучува удари од карате и не е наменета за никаква борба ниту самоодбрана. Не постојат техники во смисла на фрлања, боречки движења или други техники. Тае Бо вклучува аеробични вежби за затегнување на сите мускули на телото изведени со кратка кореографија. Интензитетот на вежбање на тренингот е со намера да се зголеми срцевиот импулс, силата, мускулната издржливост и флексибилноста.

Придобивки
Тае Бо е создаден на различен начин од концептот на аеробик и кардио вежбите кој е фокусиран на душата, телото и умот па така и придобивките од овие вежби се физички и ментални. Тоа е карактеризирано како одличен кардиоваскуларен тренинг. Поради специфичните движења Тае Бо е ефективно за тонирање и обликување на мускулатурата на телото. Исто така ја подобрува рамнотежата, флексибилноста и координацијата и има кардиоваскуларни придобивки. Придобивките од добриот кардиоваскуларен тренинг се првите кои Бленкс ги забележува кога случајно го создава Тае Бо -то во 1976 година а до ден денес е една од најпродаваните фитнес програми . Според Бленкс кардиоваскуларниот бенефит е резултат на кратките танц движења на веќе високоенергетскиот тренинг. Таеквондо вештината во Тае Бо вежбите носи самосвесност, самодоверба и истовремено го поврзува со некоја боречките вештини. Боречка вештина комбинирана со бокс удари и танцови моменти го поврзува умот и телото со учење на ментална острина, физичка сила, ментална координација и прецизност но и брзина.
Можеби најпривлечното во Тае Бо тренингот е ефективноста во однос на согорувањето на калории.Еден час Тае Бо тренинг согорува од 500 до 800 калории за разлика од другите видови аеробик вежби кои согоруваат од 300 до 400 калории за еден час вежбање. Со правилна диета ова може да стане многу ефективна програма за слабеење. Како аеробик и кардио тренинг овој вид на вежбање може да доведе до 2 пати побрзо слабеење ако се практикува редовно. Оваа програма со ударите со нозе и боксирањето е исто добра за учење на техниките за самоодбрана. Били Бленкс иако се надева дека на вежбачите никогаш нема да им потребно да ги користат овие техники, тренингот сепак ќе ви ги даде потребните вештини и самодоверба да се соочите со потенцијалната неволја. Тае Бо ќе ви помогне да развиете позитивно чувство за самосвесност. Како секој вид на вежбање создава добро ментално здравје и е индикатор за олеснување на симптомите на депресија и анксиозност како што беше утврдено од истражувачот Даниел М. Ландерс на Универзитетот во Аризона.

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu