Home / Спортски настани / Спортски настани / Злато за Македонија

Злато за Македонија

Оливера Наковска Бикова испиша златни страници во историјата на македонскиот спорт откако се закити  со најсјајното одличје на Параолимписките игри што се одржуваат во Лондон. Македонската репрезентативка го освои  првото место во стрелаштво, дисциплина воздушен пиштол од  растојание од 10 метри откако доминираше во текот на целиот  натпреварувачки ден. Наковска Бикова најпрвин беше фантастична  во текот на квалификациите, успевајќи да постави нов светски рекорд со остварувањето од 381 круг.  Тоа широко и ги отвори вратите кон успехот, па македонската репрезентативка делуваше сигурно и  во финалето, каде што со резултат од 94,7 кругови го осигура првото место и го заврши натпреварувањето со златен медал на градите. Со тоа, Оливера Наковска Бикова ја круниса својата одлична  кариера, откако на претходните две Параолимписки игри за малку  не стигна до медал.

 

превземено од www.ekipa.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu