Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Велешките извидници втори

Велешките извидници втори

На покана на извидничко поречанскиот одред “Крсте Јон“ од Струга, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, зема учество на XXV Средби на извидници – Сруга 2012 со седум извидници. На гореспоменатите средби кои се одржаа во периодот од 28 до 31 август оваа година учество земаа извидници од следните  извиднички одреди: ИПО Јадран, ПСИО, ИПО Галеб и ИО Илинден сите од Скопје, нашиот градски извиднички одред и извидниците домаќини. Извидниците се натпреварува во следните дисциплини: веслање на кану, сигнализација, чворологија, полигонски активности, прва помош и заштита, сигнализација игри на прецизност и др. Во конкуренција на осум патроли извидниците од Велес го освоија  високото второ место. Со ова повторно се докажа дека извидничката организација во Велес, организационо и програмски е добро поставена и во целост ја реализира сопствената мисија и тоа придонес во образованието на  младите луѓе низ  систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони,  да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се  самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во  општеството.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu