Home / Спортски настани / Спортски настани / Заврши регатата Гемиџии 2012

Заврши регатата Гемиџии 2012

По четири дена пловење по Вардар осумдесетина учесници традиционалнаата регата „Гемиџии“ пристигнаа во Гевгелија. Модерните гемиџии испловија 140 километри по Вардар во исклучително топло време. Учесниците ноќеваа на воениот полигон Криволак, во Демир Капија и во Марвинци.  – Имавме можност во првите два дена да ги покажеме нашите физички способности. Ова беше Вардарски начин на пловење, кога нивото на реката беше мошне ниско. Моравме на некои делници гемијата да ја туркаме на раце. Вториот ден пловевме од осум наутро до осум навечер и минавме рекордна километража за да стигнеме до Демир Капија. Затоа, пак, следните два дена беа песна. Со висок водостој имавме впечаток дека летаме по реката – вели Себо Шаќиров,  капетан на пловидбата. Токму на крајот од патеката, учесниците се соочија со проблем. Сплавот првин заглави на еден од столбовите на мостот а потоа речиси потона во средината на реката.  Брзата интервенција на учесниците, го извлече сплавот до брегот на Вардар.  „Повторно имав прилика да бидам на најинтересниот дел од регатата. Нема да верувате грешката беше во џипиересот, ни покажуваше право во ресторанот, па затоа отстапивме од маршутата. Сепак едно убаво доживување, да се видиме со пријателите”, рече Горан Петров, грдаоначалник на Велес.  Инцидентот на крајната цел не беше единствен проблем за регатата. Во првиот ден, ниското ниво на Вардар им создаде главоболки на учесниците. Ниту веслата ниту моторите не можеа да ги донесат чамците до крајот на првиот дел од етапата. Веќе наредниот ден, ЕЛЕМ пушти вода и  се зголеми нивото на Вардар па без проблеми се движеа пловните објекти. Во последниот ден од регатата, домаќин е општината Гевгелија. И овој пат, на целта ги пречека градоначалникот Иван Франгов. „Ова прерасна во традиција секогаш на крајот случајно или намерно да има некои инциденти. Во секој случај тука е сплавот тука се учесниците живи здрави. Ние секогаш ќе бидеме тука на крајната цел да ги пречекаме и да ги поддржиме”, рече Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија. Иако сите мора да веслаат, дел од учесниците имаат дополнителни задачи. Извидниците се грижат за исхраната и сместувањето, спортските навивачи го подобруваат расположението. „Задолжени за сместување, исхрана и комплетна логистика на регатата сме ние извидниците, во рамките на овогодинешнава регата повторно докажавме дека извидниците ја знаат својата работа, така што единицата од десет извидници во целост ја даде поддршката и логистиката на оваа регата . Успеавме да докажеме дека како организација на млади во целост ја знаеме нашата улога на оваа прекрасна манифестација., рече Анѓелче Гушев. „Затоа сме дојдени тука, да ги расположиме, да им го качиме моралот и адреналинот на учесниците на регатата, рече Ристе Најдов. Годинешната регата е 13-та по ред. Се одржува во чест на големиот подвиг на Гемиџиите  и традицијата на велешките занаетчии своите производи на дрвен сплав да ги превезуваат до солунскиот пазар. Со осум гумени чамци, една дрвена гемија и пет кајак чамци учесниците тргнаа од четвртокот од Мало мовче од Велес. Тие пловеа во стилот на велешките трговци кои во минатото по Вардар носеле тутун, вино, жито до Солун. Во името на традицијата стара два века, градоначалниците од Велес, Горан Петров и од Гевгелија,  Иван Франгов си разменија подароци и изразија желба Вардарската регата да доплови во блиска иднина до Солун.

 

Превземено од :www.lisica.mk

www.scoutveles.org.mk

www.dnevnik.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu