Три часовна диета

“The 3-Hour Diet” или “Три часовна диета“ создадена од авторот Јорг Крус веќе подолго време има свои поклоници и приврзаници.  Оваа диета се темели на заклучоците дека подобро се слабее ако се јаде по често но во мали количини. Во оваа диета храната се зема и консумира на секои три часа . Режимот на ова диета се темели на филозофијата дека времето за јадење е по важно од видот на храната која се зема во обракот. Авторот Јорг Крус  тврди дека на тој начин се забрзува метабоилизмот и во телото се согоруваат повеќе калории. Тој во продолжение е жесток противник на диети со ниски удели на јагленохидрати, како што е Аткинсоновата диета која се смета за нездрава и одговорна за она што со помош на диетата некои ја намалуваат телесната тежина, а потоа интензивно ја зголемуваат телесната тежина.   
Авторовиот план е едноставен: треба точно да се јаде на секои три часа или пак пет пати на ден. Три главни оброци се доручек, ручек и вечера. Но во текот на денот треба да се внесе и следната количина на храна и тоа: овошје или зеленчук (со волумен колку една ДВД омот), потоа јагленохидрати: леб, тестенини, ориз (со волумен на една рубикова коцка), потоа протеини : месо, риба (со волумен на еден шпил на карти) и маснотии кои би можеле да се стават во едно капаче од пластично ПЕТ шише.
Помеѓу оброците авторот одобрува и препорачува усогласување на некоја храна која во мометот ви се допага најповеќе и ви е најпривлечна, како на пример: 12 бадеми, пола чоколадо, 15-20 парчиња тортила чипспа се до нискокалоричен овошен јогурт.  

Авторот Јорг Крус  во програмата “Три часовна диета“, за крајот на денот после вечерата дозволува уште еден мал оброк од 50 калории или десерт или пак мало парче чоколада. Целта на ова е да се намали желбата за десерти кои кај останатите диети најчесто се наведуваат како тешко кршење на програмата. Крус пропишува оброци на секои три часа, поагајки од теоријата дека тоа е оптимално за одржување на висока потрошувачка на енергија. Многу е полесно ако ги испланирате сите оброци. Ова не е диета во која внесувате голема количина на јагленохидрати, протеини или масти туку можете да јадете се но да внимавате да не поминете повеќе од 1450 калории дневно. Авторот тврди доколку се придржувате на правилата на диетата можете да изгубите еден килограм неделно. Диетата трае 28 дена, но ако не сте задоволни со изгубената тежина можете да ја продолжите. Физичкото вежбање во текот на програмата е доста пожелно затоа што  тоа се помага кон изградбата на мускулната маса и забрзано слабеење. Овој тип на диета е доста здрав модел на диета затоа што во телото се внесува рамномерна исхрана и притоа се чуствувате подобро.

Пример 1:
8.00 доручек: јајце, пециво, млеко со 1% масленост, јаболко
11.00 меѓуоброк: мусли, овошен сок без шеќер, кафе
14.00 ручек: тестенина со сирење, салата
17.00 меѓуоброк : 12 бонбони М&М (бони-топ)
20.00 вечера: еден печен компир, 90 гр. печено пилешко, една супена лажица путер, едно шолче царевка

Пример 2:
8.00 доручек: омлет со шунка и сирење, леб, овошје
11.00 меѓуоброк: мусли
14.00 ручек: говедско месо со прелив,ориз, салата
17.00 меѓуоброк: овошје или неколку кекси
20.00 вечера: риба на жар, ориз, зеленчук, чоколаден пудинг

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu