На последната седница на координативнотот тело на Вардарската регата “Гемиџии 2011“ одржана на 26.4.2011 год. (вторник), се донесе одлука за организирање на овогодинешната вaрдарска регата. Координативното тело е составено од: Себо Шаќиров кооринатор на регатата, Ангелче Гушев задолжен за логорување и престој во природа, Сашко Тодоров задолжен за пловидба, Александар Бузалков од центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Лазар Лазаровски медиуми и информирање. Координативното тело го изготви и усвои главниот елаборат за регатата, а сега е во фаза на формирање на Организациониот одбор. Овогодинешната регата која е 12 по ред ке биде финасирана од страна на Градоначалникот и Локалната самоуправа на Велес. Се планира оваа регата да биде од мегународен карактер, а истата ќе се одржи во периодот од 30.6 и 1-3.7.2011 год.
проф. Ангелче Гушев