Трети на Пелинце 2011

На покана на извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово,  две патроли на извидничкиот одред “Димитар Влахов“  од Велес земаа учество на  меѓународните средби на  извидници – Пелинце 2011. Овие средби на извидници  се одржа на терените на меморијалниот центар АСНОМ  во селото Пелинце и тоа во периодот од 15-17 април  оваа година. Натпреварите се организираа во областа  на топографијата и ориентацијата во непознат терен, полигонски натпревари, прва помош и сигнализација.  На средби учествуваа следните одреди и тоа: ИО “Илинден“, ПСИО, ИПО “Галеб“ и ИПО “Јадран“ од Скопје, ИО “Димитар Влахов“ од Велес, ИО “Н.Н. – Борче“ од Крива Паланка, ИО “Гоце Делчев“ од Св.Николе  и извидници од Крагуевац, Ниш и Врање – Република Србија. На овие меѓународни извиднички средби, првото место го освоија извидниците од ИО “Илинден“ од Скопје, второто место го освоија извидниците од Србија а третото место извидниците на ИО “Димитар Влахов“ од Велес.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu