Home / Методика на ФЗО / Методика на ФЗО / Вреднување на физичкиот развој

Вреднување на физичкиот развој

Лонгитудиналната димензионираност на скелетот се мери со антропометар, а се изразува во сантиметри. Испитаникот е бос и се наога во нормален став со природно подигната глава така што мерниот инструмент оди од врвот на темето (франкфуртска рамнина = долен дел на очната шуплина и горниот дел на на усната школка се во иста рамнина. Волумен на телото, телесната тежина се мери со децимална вага, а резултатите се испишуваат во  грамови. Испатаникот се мери во спортска опрема, а вагата се контролира после секои 10 – 15 мерења. Самиот телесен развој вклучува комплексни морфолошки и функционални особини на човечкото тело, кои се формираат под влијание на надворешни и внатрешни фактори.Телесниот развој е важен показател  во сите проценки на моторичките способности и моторичката подготовка, а истите може да се оценуваат на темелите на соматските и соматотипските  карактеристики, односно развојот на телесната граѓа.
Инструменти за проценка се :
а) Лонгитудинална димензионираност на скелетот (висина на телото)
б) Волумен на телото (показател за телесната маса)
в) Држење на телото

ВРЕДНУВАЊЕ ЗА ДРЖЕЊЕТО НА ТЕЛОТО

Користиме метод со бодување по N.Wolanski.Со оваа метода го утврдуваме одстапувањето на држењето на делови од телото од нормалното (прваилно) држење. Одстапувањето се класифицира спрема нивната величина, а оценувањето е со т.н негативни бодови.
Пример:
0 бодови = нема одстапки
1 бод = непознато одстапување
2 бода = изразено одстапување

Врз основа на збирот на негативни бодови наставникот го оценува држењето на телото:
Пример:
0 бодови = одличен (5)
1-4 бода = многу добар (4)
5-8 бодови = добар (3)
9-12 бодови = доволен (2)
13-16 бода = незадоволителен

ПОСТАПКА НА ПРОЦЕНКА
Испитаникот е облечен во спортска опрема, бос во стоечка природна положба (не потенциран војнички став) и на соодветно растојание од наставникот. Наставникот внимателно ги набљудува “маркирните“ делови на телото во однос на другите и воедно ги проценува големините на одстапување од нормалата.

Добро држење на телото – не носи негативни бодови
Незначителни одстапување од нормалното држење – еден бод
Изразено одстапување од нормалното држење на телото – два бода

КРИТЕРИУМИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ
(елементи на парцијална проценка 0-2 бода опфаќаат)
Бодовите се впишуваат во листа за оцена на држењето на телото,
односно во картон за физички развој и воспитување
1. Држење на главата
2. Држење на рамениците
3. Положба на лопатките
4. Држење на стомачниот дел
5. Форма на градниот кош
6. Форма на бочните кривини на рбетниот столб
7. Форма на нозете
8. Поставеност на стапалата

Наставникот ги регистрира одстапувањата на држењето на телото според деведените критериуми. Понатамошната евентуална проценка на одстапувањата на држењето на телото со егзактни методи е во надлежност на конкретни здравствени институции.  Наставникот е должен да ги запознае родителите и учениците за сите забелешки и воедно да препорача превентивни мерки Авторот Wolanski истакнува дека  еден тип на држење на телото не може да биде на ист начин третиран кај различни полови и различни возрасни категории.

Евиденција за парцијална проценкана држењето на телото на ученикот

Во средното образование методата на парциајално бодување на телото го заменуваме со методот на проценка на силуетата на држењето на телото, односно утврдување на типови на држење на телото врз основа на силуетата која репрезентира можни одстапувања на грбно-слабинска кривина на рбетниот столб.

  1. Мала или голема градна кривина изразува кифотично држење на телото
  2. Благо изразена градна и слабинска израува урамнотежено држење на телото
  3. Незначително, изразено, јако претставување на слабинската кривина преставува лордотично држење на телото

Евиденција на типот на држење на телото на учениците

од средно oбразование

 

 

– на  воочените недостаоци наставникот превзема посебни мерки за нивно санирање или одстранување

– учениците со поголеми одстапувања се испраќаат на лекар – специјалист

– од лекарскиот наод и констатација наставникот може да обликува хомогени групи на ученици спрема специфичните одстапувања и подложување на дополнителникорективни активности во училиштето. Исто така можно е и маркетиншки да се дејствува кога е во прашање значењето на правилниот развој на држењето на телото (различен вид на цртежи, слики, плакати, во училиште, на влез во спортска сала …)

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu