Home / Спортски настани / Спортски настани / Велешкото знаме на ЛОИ Лондон 2012

Велешкото знаме на ЛОИ Лондон 2012

За оваа Олимпијада во Велес долго ќе се зборува и раскажува. Доживеавме  Велес  да има свој преставник на Олимписките игри во Лондон. Тоа е Кристијан Ефремов  атлетичар преставник на „Кралицата на спортовите“  тој е дипломиран информатичар , скромно момче  кое  се радува поради блиската средба со спортската елита.Ефремов ќе учество во трките на 400 метри, ќе трча на 4 август,околу 11.00 часот. Неговиот личен рекорд на 400 метри е 48 секунди и 26 стотинки. Во Лондон, очекува да го подобри овој резултат. Денес градоначалникот Горан Петров го прими Кристијан Ефремов и му посака успех од свое име и од граѓаните на Општина Велес  за учеството на престојната олимпијада .Освен матријална помош му подари и знаме на општината како знак дека градот и граѓаните будно ќе го следат и храбрат, во неговата борба за подобар успех . Кристијан му  се заблагодари на градоначалникот Горан Петров  за поддршката и вети дека ќе се потруди достојно да ја претстави Р.Македонија и родниот Велес.

 

 

 

Превземено од veles.gov.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*