Home / Спортски настани / Спортски настани / Македонскиот Олимписки Тим

Македонскиот Олимписки Тим

Македонскиот олимписки тим на триесетите олимписки игри во Лондон ќе биде преставен од четворица натпреварувачи. Македонија во Лондон ќе  ја претставуваат следните спортисти  и тоа  пливачите: Марко Блажевски и Симона Маринова, односно атлетичарите Кристијан Ефремов и Христина Ристевска. За овие олимписки игри поднеле девет кандидатура од  девет градови за организација на игрите заклучно со 15 јули2003, кој бил краен рок за доставување на кандидатурите. Градови кои поднеле кандидатура биле: Хавана, Истанбул, Лајпциг, Лондон, Мадрид, Москва, Њу Јорк, Париз и Рио де Жанеиро. Триесеттите летни олимписки игри ќе се одржат од 27 јули до 12 август 2012 година во Лондон, Велика Британија. Градот Лондон ќе стане првиот град кој бил трипати домаќин на Летните Олимписки игри. Претходно, градот бил домаќин во 1908 и 1948 година. Лондон за домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година бил избран на 6 јули 2005 година, на 117 седница на МОК која се одржала во Сингапур, победувајќи ги Москва, Њујорк, Мадрид и Париз, по четири круга на гласање.Оваа вест била објавена од страна на поранешниот олимписки шампион Себастијан Коу.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu