Кинезитерапија

Кинезиологијата како наука за двиењето е составена од четири дела и тоа: спортска рекрација, потоа  вториот дел припаѓа на спортот, третиот дел одпаѓа на физичкото и здравствено образование и четвртиот дел на кинезитерапијата. За сите детали поврзани со кинезитарапијата и се што таа нуди во понатамошниот дел од текстот.
Овој назив е сложенка од зборовите “kinezi” што значи движење и “therapia” – лечење. Самото име добро ја опишува сржта и целите на оваа тераписка метода. Можеби е најдобро да го приближиме нејзиното значење со пример. Да кажеме ако го шинете скочниот зглоб и ако се обратите на физиотерапевтот за помош. Во тој случај физиотерапевтот ќе превземе две работи. Прво со сите расположливи средства (мраз, лимфна дренажа, масажа, електротерапија, ултразвук…) тој ќе настојува што побргу да ги намали болката и отокот. Кога ќе се смири болката, а отокот ќе исчезне, следува функционалното лечење, односно помош на пациентот да ја поврати полната функција на повредениот сегмент или во некои случаи и на целото тело. Тоа се прави исклучиво со специјални вежби, што го нарекуваме функционално лечење, односно кинезитерапија.   И додека таквата задача кај исчашувањето ќе биде релативно едноставна, кај цел низ други повреди или болести работите се доста посложени. Да би сликата за кинезитерапијата била појасна, треба да се каже дека скоро секое заболување, повреда или постоперативен тек има свои специфични кинезитераписки методи. Така денес постојат специјализирани кинезитерапевти за одредени групи на заболувања (ортопедија, кардиоваскуларни болести, неурологија,педијатрија, спортски повреди …), а тоа е затоа бидејќи кинезитерапијата е заправо најширок и најбрз развијачки дел од вкупната физиотерапија. Но, целта на вежбањето не е само јакнење на мускулите и враќање на полниот обем на движења во зглобовите. Темелна цел на кинезитерапијата е враќање во полна функција на целиот состав за движење, како и очувување на истата, а се со цел спречување на повторно враќање на симптомите. Ова лечење, иако е со резултатите најдобро, има една слаба карика, а таа е врзана со фактот дека бара голема упорност на самиот пациент во процесот на лечењето. Конкретно, кај вежбањето физиотерапевтот е само водач, додека комплетната терапија ја изведува самиот пациент. Тоа е голема разлика од состојбата во која лечењето се сведува на примена на некоја друга терапевтска метода или лек, во која пациентот е во пасивна позиција и чека на делувањето на некоја од применетите методи. Кинезитерапијата е составен дел од физикалната терапија и рехабилитација, мошне важен сегмент на лечењето бидејќи активно го вклучува пациентот и ги користи движењата како метода на лечење.

Задачи на кинезитерапија се:
1. Превенција на оштетувањето на функцијата на локомоторниот систем
2. Лекување
3. Реставрација на функцијата на локомоторниот систем

Овие задачи се однесуваат на:
– зачувување и враќање на нормалната подвижност на зглобовите
– зачувување и враќање на нормалната мускулна сила
– моторна едукација – учење на движења
– моторна реедукација – повторно учење на движењата
– зачувување и враќање на координацијата
– делување на централниот и периферниот нервен систем, кардио-васкуларниот, респираторниот и коскено-зглобниот систем, со цел достигање на максимална функционалност
– постигнување на добра психофизичка состојба

Кинезитерапија кај најважните и клучни системи на организмот:
1. Кај централниот и периферниот нервен систем:
– Одржување на моторната шема на движењата
– Воспоставува адекватна и квалитетна координација

2. Кај мускулниот систем:
– Го одржува и зголемува волуменот на мускулите, ја зголемува нивната сила
– Ја поправа исхраната на мускулите
– Ја попречува дегенерацијата на мускулите
– Ја зголемува еластичноста на мускулите

3. Кај коскено-зглобниот систем:
– Ја попречува промената на обликот, морфологијата и структурата на коските, ја попречува декалцификацијата кај недостатокот на наслонот при одењето
– Во детска возраст го попречува неправилниот раст на коските, нееднаквата должина на коските и појава на лажен зглоб

4. Кај респираторниот систем:
– Го продлабочува дишењето и создава услови за заситување на крвта со кислород
– Обезбедува подобра размена на гасови – попречува појава на пневмонија кај лежечките заболувања
– Обезбедува подобро искашлување на брохијалниот секрет

5. Кај кардио-васкуларниот систем:
– Ја зголемува економичноста на работата на срцевиот мускул
– Ја подобрува циркулацијата на крвта
– Ги стимулира регенеративните процеси на ткивата
– Попречува застој на крвта, отеченост на ткивата, венска тромбоза на екстремитетите, намалување на силата на срцевиот мускул  

6. Кај гастро-интестиналниот систем:
– Ја подобрува работата на цревата и лачењето на цревните сокови
– Го попречува спуштањето на внатрешните органи

7. Ја подобрува и стабилизира психичката состојба

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu