На покана на извидничко поречанскиот одред “Крсте Јон“ од Струга, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, зема учество на XXV Средби на извидници – Сруга 2012 со седум извидници. На гореспоменатите средби кои се одржаа во периодот од 28 до 31 август оваа година учество земаа извидници од следните извиднички одреди: ИПО Јадран, ПСИО, ИПО Галеб и ИО Илинден сите од Скопје, нашиот градски извиднички одред и извидниците домаќини. Извидниците се натпреварува во следните дисциплини: веслање на кану, сигнализација, чворологија, полигонски активности, прва помош и заштита, сигнализација игри на прецизност и др. Во конкуренција на осум патроли извидниците од Велес го освоија високото второ место. Со ова повторно се докажа дека извидничката организација во Велес, организационо и програмски е добро поставена и во целост ја реализира сопствената мисија и тоа придонес во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.
проф. Ангелче Гушев