Подготовките за овогодинешното издание на „Вардарската регата Гемиџии 2013“ се во полн ек. Организаторите денoвиве ја проверуваа состојбата на чамците. Се гледаше во каква состојба се? Дали треба да се санираат, или пак не? На 27-ми месецов тие ќе тргнат за Гевгелија и одново ќе ја оживеат старата традиција на пловеќе по Вардар кон Солун за трговска размена. Според предвиденото, околу 100 велешани ќе бидат дел од регатата. „И годинава ќе бидеме некаде околу 100 луѓе. 80 во чамците и 20 на копно како поддршка. Целните групи се веќе контактирани , подготовките се при крај и мислиме дека и годинава ќе имаме убаво дружење по Вардар“, вели Себо Шаќиров организационен одбор на регатата.
Иако најавија сепак, организаторите имаат проблеми да ја состават оргиналната гемија со која пред децении и векови се пловело по Вардар. Ако не успеат да ги набават сите потребни делови ,тогаш таа ќе се склопи во текот на годинава и пред граѓаните ќе биде изложена како музејски експонат.
„Бевме големи оптимисти, сепак треба да се нарача посебно дрво, кое го има во Берово и не знаеме дали ќе стигне. Ние сакавме да ја направиме оргиналната гемија, но ако не стигне до денот на тргнувањето ќе ја направиме и ќе ја изложиме за сите граѓани да ја видат“, вели Шакиров.
Трдиционално и годинава вечерта пред почетокот на регатата учесниците ќе одржат дефиле по улиците на градот.
превземено од: www.lisica.mk