Home / Кондициска подготовка / Кондициска подготовка / Значењето на физичката активност

Значењето на физичката активност

Физичка активност, особено аеробното (брзо одење, џогирање, веслање, тенис, возење велосипед, пливање, скијање …) доколку би се вршеле редовно резултатите се со бројни предности и бенифиции:

1. Помага во зголемување на  потрошувачката на енергија;

2. Одржување на телесна маса (мускул);

3. Подобрување на виталниот капацитет на белите дробови;

4. Подобрување на кардиоваскуларната функција и намалување на  ризикот од коронарните и церебро-васкуларните  болести;

5. Подобрување на  крвниот и липиден профил, намалување на  адхезивноста на  тромбоцитите, зголемена фибринолитичка активност;

6. Намалување на крвниот притисок, ако тој е покачен;

7. Подобрување на  метаболизмот на гликозата и ја зголемува инсулинската сензитивност;

8. Го намалува ризикот од појава на остеопороза;

9.  Го намалува ризикот од некои видови на карцином  (на дојката, на простатата, на  дебелото црево, и други). Според податоците на  FANSA  – Food and Nutrition Science Alliance (Алијансата за храна и наука  за исхраната) физичка активност во иднина ќе ја намали појавата на рак за една третина, ако таа се  постави во секојдневните активности;

10.  Го намалува апетитот во однос на калориите  кои се трошат;

11. Влијае на општото добро чувство;

12. Намалување на болестите  и обезбедување на  подолг и квалитетен живот.

Придобивките на активен начин на живот се: добра кондиција, поубав физички изглед, затегнати и квалитетни  мускули, чувството на задоволство, намалена  напнатост, општо добро чувство.  Исто така треба да обрне  внимание на подобрување на биохемиските резултати (гликемија, холестерол и триглицериди) и регулацијата на крвниот притисок, ако е зголемен.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu