Home / СУС Велес / СУС Велес / Турнир во кошарка

Турнир во кошарка

Во рамките на патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски,“ се организираше турнир во кошарка на кој што учество земаа сите четири средни училишта  од град Велес. Турнирот се организираше на 15.12.2010 год. (среда),  во спортската сала при училиштето. Во првиот натпревар играа ССОУ “Коле Неделковски“ против СОУ “Димитрија Чуповски“, а резултатот беше 23 – 15, додека во вториот натпревар СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ го надигра СОУ “Јовче тесличков“ со резултат 36 наспроти 22. Во финалниот натпревар се сретнаа екипите на ССОУ “Коле Неделковски“ и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“. Подобри беа кошаркарите на Гимназијата кои го добиа натпреварот со 76 наспроти 55.  Треба да се напомене дека овој турнир беше организиран на високо ниво со што се докажа темелната работа на наставниците по спорт и спортски активности на ниво на град Велес.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu