Home / Спортски настани / Спортски настани / Трофеј “Димитрија Чуповски“

Трофеј “Димитрија Чуповски“

Во организација на Младинскиот велосипедсипедски клуб „Велес“, а со поддршка на Општина Велес на 19.5.2013 год. (недела) се одржа традиционалниот велосипедски натпревар на релација Велес-Градско-Велес- Папрадиште за сите категории велосипедисти. Од оваа година трката се вози за трофеј „Димитрија Чуповски“ и е под патронат на семејството на големиот преродбеник и поборник за макодонската кауза, семејството на Димитрија Чуповски. Натпреварот од страна на Македонската велосипедска федерација се бодува за ранг листа на велосипедисти на Македонија, што дополнително го зголемува интересот за учество. Така на годинешниот 13-ти натпревар учествуваа 12 клубови од Македонија со околу 60 натпреварувачи. На стартот од име на Општина Велес учесниците ги поздрави д-р Петре Саздов, член на Советот на општината, а тој заедно со делегација на Советот и Градоначалникот на Општина Велес оддаде почит и пред спомен-обележјето на Димитрија Чуповски во неговото родно Папрадиште.

 

Извор: https://www.facebook.com/pages/Општина-Велес/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu