Тенис сервис

Тенис сервисот воглавно се користи како тактички сервис и тоа од задната линија на игралиштето, поради прегледноста и близината на мрежата. Серверот го бара најслабиот противнички играч – примач на сервисот. Тој го фиксираа и кон него се упатува сервисот. Многу често се реализира и од поголема одалеченост од мрежата но тогаш сервираната топка е “лелујава“ (патеката на сервисот е неправилна). Кај изведбата на овој вид на сервис, топката се потфрла со една рака, а со другата рака се изведува ударот врз топката. Раката е испружена како и кај смечирањето. Ударот треба да биде со краток контакт и со отворена дланка. Често пати покрај со дланка се удира и со тупаница. Ударот со тупаница има “лелујаво“ движење, што кај противникот го отежнува доброто приемање на топката. Овој начин на сервирање може да се резлизира и со мал одскок. Ударот во одскок го намалува “лелујавиот“ начин на движење на топката , но пак затоа сервисот е значајно брз и јак и често пати предизвикува двоумење кај противничкиот примач, како да ја одбие топката – со прсти или со подлактица, затоа што топката лета праволиниски кон него во висина на градите. Секој играч, треба заедно со наставникот да процени од која далечина од мрежата треба да се реализира овој вид на сервис – за да би бил “лелујав“ или пак максимално сигурен.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu