Home / Колективни спортови / Кошарка / Паралелен и дијагонален став

Паралелен и дијагонален став

Едно  специфичното координирано движење во кошарката е движењето во кошаркарски став. Истиот треба коректно да се совлада уште во најрана возраст. Овој став во кошарката прави катапулт спремен за реакција. Движењето во кошаркарски став на играчите им овозможува многу предности во однос на класичното движење. Играчот обезбедува поголема потпорна површина , подобра рамнотежа на телото и подобро завземање на просторот со што моментално може да започне акцијата, потоа брза промена на улогите од одбрана во контранапад и на крајот на акцијата се обезбедува сигурно запирање и стабилност. При подолго стоење во кошаркарски став или пак движење во кошаркаркси став и поради големата напнатоста на мускулатрата и скелетниот систмен се намалува работоспособнста на мускулите. Затоа треба да го вежбаме долготрајно, се со цел да стекнеме навики за движење во положба на која не сме навикнати. Во зависност од положбата на рамениците во однос на стaпалата разликуваме два ставови и тоа : дијагонален и паралелен. И едниот и другиот може успешно да се применува воодбрана и напад. Но преовладива мислењето дека дијагоналниот став повеќе се користи во одбрана, а паралелниот во напад. Кај паралелниот став полено се движиме во една и друга страна, а и поаѓањето напред е по брзо од паралелен став.

ПАРАЛЕЛЕН СТАВ
Овој став се нарекува паралелен затоа што осовините со кои се спојуваат телото во однос на стaпалата се паралелни. Стaпалата се паралелни, а растојанието помеѓу едното и другото стопало е приближно една стапка, односно тоа е најмалото растојание, а тоа се зголемува во зависност од акцијата која следи, како и од висината на играчот, односно неговата конституција. Тежината на телото подеднакво е распоредена на обете нозе  (на предниот дел од стапалата). Нозете се благо свиени во колената  (агол помал од 90 степени, затоа што ќе немаме можност за брз старт), карлицата е повлечена наназад, како компензација  за подобра рамнотежа. Телото е наведнато малку кон напред, главата е подогната за да имаме подобра рамнотежа. Рацете се свиени во лактовите, а во одбрана косо кон горе или пак едната косо, а другата косо доле со дланките свртени кон горе. Во нападот рацете ќе бидат пред телото спремни за примање на топка. Кај одбрамбениот став растојанието помегу стaпaлата, како и свиеноста на колената мора да биде поголема. Сето ова се реализира за да добиеме поголема стабилност и подвижност.

ДИЈАГОНАЛЕН СТАВ

Овој став е карактеристичен по тоа што колковите и рамениците не се насочени во ист правец. Колковите се косо во однос на правецот на движење. Стaпалата се свртени кон иста страна, со растојание како и кај паралениот став, но со тоа што стaпалото од левата нога е нешто понапред од стaпалото на деснта нога, т.е. прстите треба да се наогаат приближно во висина на петата на исчекорената нога. Рамениците се малку свртени во правецот на движење. Поради тоа потребно е телото да го засукаме во страна на исчекорената нога. Кај дијагоналниот кошаркарски став, имаме поголема можност за пренесување на тежината на телото од една на друга нога и со тоа ја зголемуваме подвижноста на телото косо напред и косо назад. Положбата на телото,  рацете и свиеноста на колената одговара на моментите како и кај паралелниот став.

Во кошаркарски став можеме да се движиме на два начина  ЛЕВО – ДЕСНО, каде што со ногата која што се наога во правцот на движење, се исчекорува во страна , а со другата нога се врши привлекување до првобитната положба. Од основен став се преога во поширок став и повторно се враќаме во почетна положба. Движењето се реализира со “привлекувачко-лизгачки“ чекор, каде што секогаш едното стaпало е во контакт со тлото. Вториот начин на движење е НАПРЕД – НАЗАД, а се реализира во дијагонален став, каде што првиот чекор можеме да го реализираме со било која нога во зависност од ситуацијата. Принципот на ова движење е после првиот чекор повторно се продолжува со  “привлекувачко-лизгачки“ чекор. Кај овој став секогаш се иста рака и нога напред.

Можни и најчести грешки кај гореспоменатите ставови:
–    стапалата се во лоша положба
–    стапалата или се тесно или прешироко поставени
–    големо наведнување на телото кон напред (голем претклон)
–    нозете се целосно свиени или скоро испружени
–    голема вкочанетост на телото
–    колковите се многу наназад
–    преносот на тежината на телото се реализира преку цела површина на стопалото
–    нееднакво распределена тежина на телото кон стапалата
–    дивергенција на стапалото (ширење на предниот дел на стаплото во однос на петата), конкретно кај “задната нога“
–    преголемо подигање на петата од задната нога
–    поагање во движење со спротивна нога во правец на движење

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*