Home / Индивидуални спортови / Пливање / Стилови во пливањето

Стилови во пливањето

Во пливањето има четири  стила а тоа се: градно, грбно, пеперутка и слободниот стил (краулот).

 

Слободен стил, краул (freestyle): Слободниот стил е најлесен за пливање а воедно и најбрзиот. Интересен е фактот што Џони Вајсмилер го усовршил краулот како пливачка дисциплина. Се плива на следниот начин: Додека се плива, главата е цело време во вода и се гледа надоле. Воздух се зема со секој 3 завеслај на рацете. Десна рака-главата налево и обратно, лева рака-главата надесно. За сето ова време, нозете постојано работат во стил на ножички. Ако се работи за спринт, завеслаите и ударите со нозете се поситни и побрзи, а за подолга трка или маратон подолги и подолготрајни. Овој стил не е верифициран од проста причина што не е важно во трката кои стилови ќе се употрбат, може да се плива како што му одговара на пливачот, важно е барем само со едната рака да допре до ѕидот, или па ако прави ротација(за која ќе објаснам подоцна) да се одбие со помош на нозете. Што значи дека дисквалификација од трка е можна ако:  натпреварувачот стартува пред сирената да го означи стартот или ако натпреварувачот не го допре ѕидот.

Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри
400 метри
800 метри
1500 метри

 

2.Грбен стил (backstroke): Грбниот стил е единствениот стил кој се плива без скок во базенот. Наместо тоа, натпреварувачите стартуваат внатре во базенот, свиткани во клопче го чекаат знакот на сирената за старт, при што се одбиваат од плочките и започнуваат со пливање. Се плива на скоро истиот начин како краулот, само што телото е свртено на грб. Рацете се движат во принцип на ветерница. Едната рака поминува во водата паралелно со телото за да се избегнат можни турбуленции кои доведуваат до неправилна траекторија и движење на телото а со тоа нормално и успорување на натпреварувачот. Додека едната рака поминува во водата, другата рака е надвор од водата и се спрема за завеслај. Раката излегува од водата со палецот, при што кога се спрема за да влезе во водата, дланката се врти и влегува од страната на малиот прст. Нормално, за да знае натпреварувачот кога стигнал до другиот крај на базенот, над базенот има таканаречени истегнати жици налепени со реклами најчесто од спонозорот кај последните 5 метра од базенот, при што пливачот знае дека е време да се сврти на грб, да ротира и да ја продолжи трката.
ВАЖНО: Откако пливачот ќе се заврти на стомак, дозволен е само еден завеслај на раката па следува ротација. Сите други завеслаи(ако ги види судијата нормално) се казнувани со дисквалификација.

Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри

 

3. Граден стил (breaststroke): Градниот стил е најтешкиот во пливањето. Иако рекреативците и гледачите на пливањето  можеби ќе си помислат дека тоа е пеперутката, секој пливач ќе ви потврди дека тоа е градното. Се плива на следниот начин : По стартот/скокот во базенот, телото испливува на површината  на базенот со помош на рацете и нозете кои се движат слично како и на жабата, полукружно.  Горниот дел од телото се поткрева, рацете се збираат, дланките се носат во положба до градите, а за тоа време нозете ја туркаат водата наназад, па се спојуваат кај стапалата. Откако ќе се  спојат кај стапалата, рацетесе придвижуваат нанапред и се прават благи полукружни странични  движења, при што се` почнува одново. За цел ваков период е дозволено само едно излегување на површина со главата, т.е. земање  на воздух. Додека се плива, видот е позициониран надолу. За разлика од краулот и грбниот стил, во градното не се прави ротација, натпреварувачот  допира со двете раце до ѕидот при што се оттурнува наназад и продолжува со пливањето. Овој стил е најтежок и најнапорен за пливање, бидејќи телото споро се движи, а напорот кој се вложува е преголем.

ВАЖНО: Градниот стил не се препорачува за луѓе со проблеми со ‘рбетот. Консултација со
лекар би била пожелна.

Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри

 

4. Пеперутка – делфин (butterfly): Според многумина најубавиот стил во пливањето. Вистинска уметност што изобилува со грациозни движења. Кога гледате некој како правилно плива пеперутка, ви се чини дека телото е направено од гума. Овој стил се нарекува и пеперутка и делфин, бидејќи рацете се движат во стилот на пеперутката, а нозете како перката кај делфинот. По скокот, телото се враќа на површината со помош на нозете кои се движат како перката кај водните животни а рацете се испружени напред. Завеслаите на рацете се исти како кај краулот, само што дланките се накривуваат надесно. На секој завеслај со рацете, со нозете се прават два удари. Нозете се цело време споени. Обично воздух се зема на секој завеслај со рацете, при што горниот дел од телото се подига, но се практикува на третиот завеслај на рацете телото главата да остане во вода, се` со цел телото да не се подига и да се избегнат болки во ‘рбетот, бидејќи е ова тешка дисциплина. Ротацијата е иста како кај градниот стил, со двете раце се допира ѕидот и телото се оттурнува за да се продолжи со пливање.

Дисциплини :
50 метри
100 метри
200 метри

 

5. Мешано, комбиниран стил; штафети: Мешаниот стил(individual medley) се плива на 200 и на 400 метри во 50 метарски и 100 метри во 25 метарски базен. Стиловите одат по овој редослед : пеперутка, грбно, градно, краул. Штафетите(medley relay) постојат во следниве дисциплини:
4х100 мешано
4х100 слободно
4х200 слободно.
Тука редоследот е со мали измени. Се почнува со грбно, па пеперутка, градно па краул. Сето ова е со цел за полесен старт, бидејќи би било невозможна размената на пливачи ако едниот плива пеперутка па другиот да стартува грбно. Едноставно ќе се судрат.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*