Home / Индивидуални спортови / Пливање / Општо за пливањето

Општо за пливањето

Сите знаеме дека пливањето е вештина која му е потребна на човекот. Се изведува со движење на сите можни мускули во телото, па затоа повеќемина ја сметаат и за најтешка вештина и спорт воедно. Се смета дека прв народ што почнал да плива биле Англичаните, за што говори фактот дека кај нив се појавиле и првите базени, при што градот Ливерпул (LiverPOOL) го добил своето име.

Пливањето како спорт
Професионалното пливање се појавило во 19-от век.

Целта на пливањето е да се совлада одередена далечина за најкраток можен временски период. Постојат 13 дисциплини и во машка и во женска конкуренција кои се пливаат на сите можни планетарни и континентални собири, но исклучок се Олимпискоте Игри, каде дисциплината 1500 слободно ја нема во женска конкуренција. Официјалните резултати се сметаат во 50 метарски базен, кој е практикуван на Олимпијадата, но дозволено е да се плива и во 25 метарски базени. Професионалното пливање како спорт е под закрила на FINA (Federacion Internationale de Natation).

Пливањето е многу значајно во животот и многу е важно како превентива од давење. Тоа знаење ни овозможува да се вклучиме во најразличи спортови во вода, како што се синхронизирано пливање, брзо пливање, скокови во вода, ватерполо… Пливањето е воедно и дружење, искористување на слободното време, јакнење на сигурноста во себе итн. Исто така пливањето позитивно влијае на психо- социјалниот и физички развој на детето.

 

Пливање во раната возраст влијае на телесниот развој:

Дишење
Притисокот на водата е причина за појако издишување на воздухот и со тоа се зајакнуваат дишните мускули, а виталниот капацитет се зголемува скоро за 20 %.

Кардиоваскуларен систем
Притисокот на водата позитивно влијае и на кардиоваскуларниот систем, бидејќи делува и на деловите на телото кои се во водата. Под влијание на тој притисок дотекува околу 20 % повеќе крв во десниот дел на срцето и преку градите во левиот дел на срцето. Така се зголемуваат и јакнат мускулите на срцето.

 

Скелет

На развојот на скелетот влијае интензивно движење во вода, а како последица на ова доаѓа до брз раст на коските и нивно добро обликување. ‘Рбетот почнува  да се менува  во двојна Ѕ форма.

Мускули
Пливањето доведува и до комплетно обликување на мускулниот систем. Во положба на стомак, се јакнат мускулите на грбот, рамениците и останатите мускули.

Терморегулација
Разликата меѓу температурата на телото и температурата на водата (меѓу 32 и 37 °C) ја поттикнува терморегулацијата и отпорноста на телото. Со редовно вежбање се поправа реакцијата на  кожа на студено, способноста на терморегулацијата и јакнење на имунитетот.

 

Важни се првите информации за водата и рано учење

Родителите се првите учители, бидејќи уште дома, во када му ги даваат првите информации за водата (пријатни и непријатни). Затоа односот на родителите и околината кон водата, за детето е многу важен. Неопходен е правилен и стручен начин. Децата кои одат на курсеви под стручен надзор, можат кога ќе пораснат своето знаење да им го пренесат на своите деца.

Треба што порано да научи да плива, под услов да ја сака водата и да не се плаши од неа. Стравот од вода не е вроден, туку настанува поради лошите искуства. Затоа, на почеток на учењето многу е важно да се добие позитивни искуства и да се чувствува сигурно. Всушност, подготовката за пливање почнува уште од дома во када, многу порано пред детето да почне да оди на базен.

Метод на Фред и класичен начин на учење

Основа на овој метод, се Фредовите обрачи кои имаат дел за стомакот, на кој детето лежи во положба за пливање. Оваа програма се прави во длабока вода, така што детето е врзано за овој обрач.  Уште првиот час ја чувствува силата и лизгањето на водата, и самостојно се движи во неа. Освен по методот на Фред, пливање се учи и на класичен начин, кој е составен од 6 степени за навикнување на вода:                                                                                       
– навикнување на отпорот на водата,

– нуркање,

– гледање под вода,

– издишување под вода,

– лебдење,

– лизгање.

Кога децата ќе го совладаат лизгањето по водата, може да се почне со учење на една од техниките за пливање, прво на суво, па на раб од базенот, со помагала и на крај самостојно. Игрите кои се изведуваат по класичен метод содржат многу малку елементи на пливање, бидејќи се прават во вода каде децата може да стојат, т.е. во вертикална положба. Игрите без елементи за пливање нема да го научат детето да плива. За да научи да плива, важно е што повеќе да се повторуваат правилните движењата со раце и нозе (удирање со нозете и веслање со рацете). Во плитката вода детето постојано бара и стои на дно. Истражувањата покажале дека учењето по методот на Фред е подобро, и најчесто децата на претшколка возраст на тој начин учат да пливаат. Содржината на класичните курсеви, треба да се промени во тој правец и што помалку време да се потроши на навикнување на водата, а повеќе на правилните движења, за да се дојде до автоматизација на правилно пливање. Треба многу да им се повторуваат правилните движења и затоа се препорачува учењето да биде по методот на Фред во првата година или меѓу четвртата и петтата година од животот., бидејќи тогаш е најефикасно. Истражувањата покажале дека учењето пливање меѓу првата и третата година дале најслаби резултати.На училиште само го надополнуваме своето знаење со учење на други техники, скокови, и безбедни вежби како превентива од давење…

 

проф. Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu