Home / Индивидуални спортови / Боречки спортови / Боксот, најтежок спорт !

Боксот, најтежок спорт !

Спортистите тешко дека би се сложиле кој спорт е најтежок и најнапорен на светот, секој по правило би го ставил својот на врвот, но затоа тука се научниците кои што на првото место го поставија боксот. Имено, американската телевизиска мрежа „И-ес-пи-ен“ одлучи да собере тим од дури осум научници, на кои им даде задача да направат скала на најтешките спортови на светот. Така, тие мораа да извршат споредба на дури 60 спортови според повеќе критериуми, а некои од нив се: издржливост, сила, експлозивност, брзина, подвижност, психичка стабилност, истрајност, координација и аналитика. На изнанадување на многумина, на првото место се „проби“ боксот со вкупно 72,37 бода, а зад него е хокејот на мраз со 71,75 бода. Исклучително високо пласирани се уште две боречки дисциплини. На петтото место се најде борењето со 63,50, а само малку помалку напорен, според заклучокот на научниците на „И-ес-пи-ен“, е ММА (мешани боречки вештини) со 63,37 бода. Интересно е што во првите дваесет го нема ракометот, кој воопшто не се игра во САД, па најверојатно не бил ни земен во предвид при истражувањето. Кога ќе се погледне подобро, всушност, најплатените спортисти во текот на изминатата година, според „Форбс“, се боксерите Флојд Мејветер (85 милиони долари) и Мени Паквајо (62 милиони долари). Зад нив е голферот Тајгер Вудс, следат НБА ѕвездите Леброн Џејмс и Коби Брајант, па тенисерот Роже Федерер. Првите фудбалери на листата се Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо на осмото, односно деветтото место со 46, односно 42 милиони долари. Сепак, тоа се само поединци, односно оние најголемите ѕвезди. Кога ќе се споредат спортовите, добиената слика е значително поразлична. Така, според парите кои ги „врти“, фудбалот е на првото место со повеќе од 9 милијарди долари годишно. Зад него се американскиот фудбал (НФЛ) со околу 8 милијарди, па бејзболот (МЛБ) со околу 7 милијарди долари. Најсилната кошаркарска лига НБА годишно заработува околу 4 милијарди долари, а хокејот на мраз (НХЛ) милијарда помалку. Борењето и гимнастиката, кои на скалата на тежина се високо позиционирани, финансиски не се ни близу до останатите спортови од конкуренцијата.

СКАЛА НА НАЈТЕШКИ СПОРТОВИ
1. бокс – 72,37
2. хокеј на мраз – 71,75
3. американски фудбал – 68,37
4. кошарка – 67,87
5. борење – 63,50
6. ултимејт фајт (ММА) – 63,37
7. тенис – 62,75
8. гимнастика – 62,50
9. бејзбол – 62,25
10. фудбал – 61,50
11. алпско скијање – 60,62
11. ватерполо – 60,62
13. рагби – 60,50
14. лакрос – 60,37
15. родео – 56,50
16. скок со стап – 55,87
17. хокеј на трева – 54,97
17. брзо лизгање – 54,97
19. уметничко лизгање – 54,75
20. велосипедизам  – 54,37
20. одбојка – 54,37

превземено од: www.mkd.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu