Систем 2 : 1 : 1

Овој систем е изведен од системот 2 : 2. Кај овој систем повторно имаме двајца играчи во близина на својот гол, кои се поставени широко, но распоредот на останатите два играче е таков што, едниот стои во средината на слободниот простор, а другиот играч е поставен високо кај притивничкиот гол. Целта на овој систем е да се искористи т.н положба на високо сидро на средината на противничкото поле, а со идеја продор по бочните страни и “дупли пас“ со завршница преку нај истурениот играч кои го покрива просторот на т.н втора статива. Добра страна на овој систем се можностите за комбинирање со кратки пасови по бочните страни или по средината и со завршеток со добро покриената втора статива.
Негативна карактеристика на овој систем е примањето на гол, поради тешкото бранење од контра напад каде покрај попречните топки имаме и ризични пасови во средината на теренот. Овој систем го користат екипи кои бараат решение за противничката одбрана по бочните страни со   “мантинела“  или “дупли пас“.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu