Home / Индивидуални спортови / Боречки спортови / Симболиката на појасите во каратето

Симболиката на појасите во каратето

Симболичкото значење на појасите во каратето е следно :

БЕЛ ПОЈАС – симбол на невисност на носителот кои сеуште не ги познава духовните аспекти  и не ги познава борбените техники.

ЖОЛТ ПОЈАС – жолто, симболичка боја на Сонцето, светлост и плодност. Тоа е боја на оние на кој во духовна смисла им се рага нов ден со нови знаења и вештини.

ПОРТОКАЛОВ ПОЈАС – тоа е бојата на Сонцето кога заоѓа. Има значење на  спремност и подготвеност на носителот на појасот за проширување на знаењата и своите видици по новото изгревање. Неговата вештина  и знаења се зрели и подговени за нови решенија.

ЗЕЛЕН ПОЈАС – зелената боја е боја на билките – тревата и шумата. Симболичкото значење  на зелениот појас е во тоа што секој носител на овој појас е неговата способност за  да ја преработува светлината и да дава нови плодови и нови решенија.

ПЛАВ ПОЈАС – плавата боја е боја на далечината, небото, океанот. Овој појас го заслужува ученикот кои сака да го дофати хоризонтот. Неговите погледи и видици ја достигнуваат длабочината на океанот.

КАФЕАВ ПОЈАС – боја на земјата, која симболизира постојаност и сигурност. Носителот на овој појас има добра и квалитетна техника, плодотворен дух и непоколеблива мисла.

ЦРН ПОЈАС – црната боја е збир од сите бои. Црниот појас не е знак на победа и сознанија, туку знам на мракот. Патот на будока не е завршен – тој туку што започнува.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu