Симболичкото значење на појасите во каратето е следно :
БЕЛ ПОЈАС – симбол на невисност на носителот кои сеуште не ги познава духовните аспекти и не ги познава борбените техники.
ЖОЛТ ПОЈАС – жолто, симболичка боја на Сонцето, светлост и плодност. Тоа е боја на оние на кој во духовна смисла им се рага нов ден со нови знаења и вештини.
ПОРТОКАЛОВ ПОЈАС – тоа е бојата на Сонцето кога заоѓа. Има значење на спремност и подготвеност на носителот на појасот за проширување на знаењата и своите видици по новото изгревање. Неговата вештина и знаења се зрели и подговени за нови решенија.
ЗЕЛЕН ПОЈАС – зелената боја е боја на билките – тревата и шумата. Симболичкото значење на зелениот појас е во тоа што секој носител на овој појас е неговата способност за да ја преработува светлината и да дава нови плодови и нови решенија.
ПЛАВ ПОЈАС – плавата боја е боја на далечината, небото, океанот. Овој појас го заслужува ученикот кои сака да го дофати хоризонтот. Неговите погледи и видици ја достигнуваат длабочината на океанот.
КАФЕАВ ПОЈАС – боја на земјата, која симболизира постојаност и сигурност. Носителот на овој појас има добра и квалитетна техника, плодотворен дух и непоколеблива мисла.
ЦРН ПОЈАС – црната боја е збир од сите бои. Црниот појас не е знак на победа и сознанија, туку знам на мракот. Патот на будока не е завршен – тој туку што започнува.
проф. Ангелче Гушев