Home / СУС Велес / СУС Велес / Отворен спортски ден на град Велес

Отворен спортски ден на град Велес

Отворен спортски ден на општина Велес. Граѓани од сите возраси, во градскиот парк и во салата „Гемиџии” се рекреираа во 16 дисципллини. Се одржаа рекреативни полигони во мал фудбал, кошарка, спортска гимнастика, пинг понг, тенис, шах, табла, пикадо,  хокеј на трева, ного тенис и уште неколку спортови. Годинава по трет пат се организира отворен спортски ден, а според масовноста и одзивот овој пат е најуспешен. Најголем интерес за присувство има од училиштата. „Со свои екипи учествуваат учениците од сите училишта во Велес, Градско и Чашка. Одбрани се најдобрите 50 ученици затоа што денеска е работен ден за да не се остувствуа од настава”, вели Славчо Давитковски, од Сојуз на училишен спорт. Во дел од спортските дисциплини деска се проба и градоначалникот Горан Петров. Откако не погоди центар во пикадо, изјави дека градскиот парк во иднина треба да биде центар на сите спортско-рекреативно случувања во градот, со оглед на многуте услови за спортување кои таму ќе се нудат. „Веднаш по реконструкцијата на градскиот парк тој да прерасне во еден спортски цетар со одлед на условите и терените кои ги има овде, а посебно во летниот период кога најмногу се спортува”, вели Горан Петров градоначалник на општина Велес. Организатор на отвотениот спортски ден е Сојузот на училиштен спорт ,потпомогнат од Здружението на педагози, а под покровителство на општина Велес.

 

www.lisica.mk

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu