Пријателите на спортот во Велес ќе имаат можност да спортуваат во сабота на 8 септември во знак на Државноста на Република Македонија. Разните спортски активности ќе се одржат во сабота на градскиот стадион и градските спортски терени: спорстката сала Гемиџии, одбојкарскиот терен на песок, тенискиот терен и градскиот парк. Повеќе од 1000 ученици и сограѓани од градот и околината ќе учествуваат и ќе се дружат во разни спорстки дисциплини, мал фудбал, одбојка на песок, баскет, атлетика, ноготенис, шах, пикадо, возење ролери, пливање и ватерполо на градскиот базен. Оваа манифестација традиционално ја организира Сојуз на училишен спорт на Велес и здружението на спортски педагози со поддршка на општина Велес. Организаторите ги повикуваат сите граѓани да ја посетат манифестацијата и да земат учество во една од понудените дисциплини, а со тоа да го развијат спортскиот дух и да се дружат во релаксирана спортска атмосфера.
Проф. Ангелче Гушев