Home / Спортски настани / Спортски настани / Опремување на салите

Опремување на салите

Во рамките на проектот на “Опремување на 145 училишни спортски сали“ реализиран од страна на Владата на РМ и Министерството за образование и наука, во периодот од 25 до 30 декември 2010 год., беше донесена и монтирана опремата и реквизити во спортските сали во средните училишта во Велес. Конкретно во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ беа монтирани спортски реквизити и опрема со која што се создадоа квалитетни услови за реализација на програмата по спорт и спортски активности. Конкретно монтирани се римпстоли, бродски скали и јажиња, вратило, карики, двовисински разбој, поставена е висока греда, мал јарец, голем јарец, шведски санданк, одскочни даски, грбачи, душеци, поставени се мали стативи за футсал, сет на топки.По поставувањето на опремата и реквизитите од страна на Министерството истата беше комисиски исконтролирана, а воеднo и најавено дека се очекува носење и на други спортски реквизити и опрема. Целиот процес на опремување траеше десетина месеци, а се започна со утрврдување на реалната состојба (што поседуваме), а се заврши со неколку ревизии од страна на Министерството за утврдување на реалните состојби во спортските сали за монтирање и чување на опремата.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu