Користете вода !

Големата физичка активност, не добро проектиран тренажен процес,  не соодветната температура во просторот за вежбање и тренирање , климатските услови, не венсувањето на течност, може да бидат директни предизвикувачи на дехидратација. Таа се појавува после зголемување на телесната температура и интензивното потење.  Нашето тело ја употребува течноста за исфрлање на токсичните супстанци од организмот и одржување на  телесниот систем рака да бидеме здрави, флексибилни и потполно функционални.

Најчести симптоми и највпечатливи знаци на дехидрација

Симптомите на дехидрација првиот пат вообичаено се манифестираат тогаш кога спортистот е исклучително е жеден, а со текот на времето има потенцијал да прерасне во нешто многу посериозно.  Желбата за вода станува сè поголема, а целата состојба е сè потешка за издржување. Првите знаци и симптоми на блага дехидрација се јавуваат тогаш  кога телото ќе загуби приближно 2% од севкупната количина на течности.

Најчести симптоми на блага дехидрација:

* зголемена жед

* губење на апетитот

* сува кожа

* мокрача со темна боја

* сушење на устата

* премореност

* притисок во главата

Доколку брзо после појавата на овие симптоми ништо не се превземе, кога севкупното губење на телесната течност достигне 5%, доаѓа до до појава на следниве манифестации на дехидрацијата:

* исклучително забрзана работа на срцето

* забрзано дишење

* намалено потење

* ретко мокрење

* зголемена телесна температура

* исклучително голема премореност

* појава на грчеви во мускулите

* главоболка

* повраќање

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu