Опрема за планинарење

Планинарењето е спорт со кој се занимаваме во текот на целата година и во различни временски услови. Меѓутоа планинарењето со себе носи и одредени ризици, па поради тоа за безбедно планинарење потребно е да се поседува освен физичката подготвеност, и соодветна опрема. Опремата може да ја поделиме на летна и зимска, во зависност од временските услови или висината на која се користи. Постои опрема која е неопходна за секој планинар односно лична опрема, и таа што ја користиме во група, односно заедничка. Опремата во најголем случај зависи од временските услови, висината, должината на престој во планината и други фактори. Покрај стандардната опрема, потребна е исто така и техничка опрема за искачување во карпа, мраз, експедициска опрема.

Чевли – во зависност од типот на искачување, постојат повеќе видови на планинарски чевли коишто планинарите ги бираат. За полесни искачувања на пониски планини воглавно се користат помеки и поудобни чевли популарно наречени трекинг. Доколку е потребно да се движиме низ потешки временски услови – голем студ, снег, камени терени тогаш изборот паѓа на покрути и погломазни чевли. Чевлите треба да се високи, со што се намалува можноста за повреда на скочнииот зглоб, како и да пружаат заштита од други надворешни влијанија (студ, снег). Ѓонот најчесто се изработува од вибрам или слични материјали (специјална гума), која треба да обезбеди топлотна изолација, како и да ја намали можноста од лизгање.

Чорапите исто така се изработуваат од вештачки материјали, и можеби е единствен дел за кој голем број на планинари сеуште користат природен материјал (волна).

Пантолоните треба да исполнат неколку основни услови: да бидат топли, лесни, удобни. Како и другиот дел од планинарската опрема и тие треба да ја испуштаат влагата надвор, али не и внатре.

Блузи, маици, поткошули. До телото се облекуваат материјали кои полесно ја пропуштаат влагат, а преку нив материјали кои повеќе топлат, а ова го нарекуваме облекување во слоеви.

Јакни – најчесто се од два слоја, долниот од полар или сличен материјал чија намена е да загрева, а горниот дел од Gore-Tex или сличен материјал, кој треба да заштити од надворешни влијанија, ветер, снег, дожд.

Ракавици – најчесто се користат два пара (внатрешен пар тенки и надворешни заштитни). Доколку температурите се многу ниски, се користат ракавици со два прсти, затоа што така се постигнува подобро загревање на прстите. Пожелно е да се носат резервни ракавици.

Гамашни – го покриваат делот на ногата од чевелот до коленото. Служат како заштита од навлегување на снег во чевлите. Ако се користат на пониски височини или во друго годишно време, штитат од водена трева, навлегување на камчиња во чевлите или од инсекти и змии.

Ранецот треба да одговара према потребите. Постојат ранци со запремина од 10 до 100 литри. За еднодневни тури обично се користат ранци од 20 до 45 литри, а за повеќедневни од 65 до 100 литри. Од надворешна страна пожелно е ранецот да има повеќе каишеви и џебови, каде што можат да се прицврстат цепин, кацига, подметач и друга опрема.

Челна лампа спаѓа во задолжителен дел од опремата. Користи лед диоди кои ги штедат батериите и даваат доволно светлина. За долготрајни експедициски искачувања, пожелно е да се користат бренд лампи заради издржливоста на екстремни временски услови.

Наочари за сонце се користат за заштита на очите, не само во сончеви денови туку и по облачно време бидејќи и тогаш рефлексијата и зрачењето можат да бидат прилично големи. Наочари за скијање се корисни исто така за ветровито време и снежни врнежи.

Појас се користи пред се поради обезбедување и осигурување на движење во наврска (се однесува на група). На појасите можат да се прикачат, карабини, како и други додатни алатки потребни за одреден терен.

Дерези се додаток кој се става на кондурите за непречено движење по замрзнати површини. Постојат повеќе типови на дерези: со каишеви (можат да се користат на било кој тип на гојзерици), полуавтоматски и автоматски. Обично имаат од 12 до 14 запци.

Цепин е дел од стандардна високогорска опрема. Неговата намена е повеќекратна, служи како ослонец при качување на замрзнат снег, за поткопување во тврд снег, симнување по стрмни и заледени површини каде постои опасност за пролизгување.

Штеки за планинарење служат за намалување на оптеретеност на нозете (пред се колената) особено на долги тури. Телескопските штеки се троделни и се згодни при транспорт.

Подлога за вреќа за спиење служи како топлотна изолација. Може да биде од различни материјали, како и на надувување.

Вреќите за спиење во зависност од полнењето ги делиме на синтетички и пернати или летни и зимски.

Шатори се делат на повеќе категории во зависност од потребите. За нас се најинтересни повеќе сезонски шатори. Тие по правило се потешки, имаат подобра изолација, краевите се со продолжен дел врз кој може да натрупаме снег или камења заради осигурување на истиот.

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu