Во саботата на 11.05.2013 год. на Градскиот стадион во Велес во чест на легендарниот велешки голман Зоран Паунов-Паун, а под покровителство на Општина Велес се одржа 4-тиот по ред Меморијален турнир во негова чест. На турнирот учество земаа ветерани од фудбалската репрезентација на Македонија и ветераните на ФК “Борец“ од Велес. Оваа година поуспешни беа репрезентативците, кои ги совладаа ветераните на Борец со краен резултат 2:1. Меморијалниот турнир во спомен на Зоран Паунов-Паунот е веќе традиција.
проф. Ангелче Гушев