Македонската кошаркарска репрезентација ја започнуват историската спортска битка за пласман на Олимписките игри во Лондон 2012. Македонските кошаркари својот прв натпревар го играт против Ангола, а вториот натпревар го играт против Нов Зеланд. По оваа фаза, која веруваме дека ќе биде помината, нашите најдобри кошаркари мора да добијат уште два натпревари како би се пласирале на Олимписките игри во Лондон. На овој турнир ќе настапат 12 репрезентации од целиот свет, а најдобрите три ќе изборат пласман на Олимписките игри во Лондон. На квалификациониот олимписки турнир во Венецуела ќе настапат екипите на Македонија, Грција, Литванија, Русија (Европа), Ангола, Нигерија (Африка), Јордан, Кореја (Азија), Нов Зеланд (Океанија), Порторико, Доминиканска Република и домаќинот Венецуела (Америка). Досега учество на Олимписките игри во Лондон, обезбедија САД, Шпанија, Франција, Аргенина, Кина, Тунис, Бразил, Австралија и домаќинот Велика Британија.
проф. Ангелче Гушев