Здравјето и вежбањето

Здравјето е она кое што е најважно за  човекот. Па за да бидеме здрави неопходно е здраво да се храниме, но секако и да спортуваме. Само со спорт може да се дојде до здраво тело а во здраво тело здрав дух. Не постои некоја посебна  поделеност на храната на добра и лоша. Дури и најздравите прехрамбени производи кога се употребуваат во лоши комбинации и во прекумерени количини можат да му наштетат на вашето здравје. За одржување на идеална фигура на телото се постигнува со секојдневно вежбање. Со секојдневното вежбање не му давате на организмот време да се опорави, со што се добиваат сите благодети од фитнес како што се:
-зголемено мускулно ткиво и
-покаченото ниво на енергија.
Како и со сите други нешта во животот, но и со вежбањето не треба да се претерува. Мускулите се органи кои учествуваат во најразлични движења на телото. Го сочинуваат активниот дел од локомоторниот апарат.Човечкото тело е составено од 327 парни и 2 непарни мускули. Заедно со коските и зглобовите го сочинуваат системот за движење.Масата на мускулите изнесува 45-50% од вкупната телесна маса. Основните својства на мускулите се:е ластичност, надразливост, спроводливост и контракнилност. Еластичноста е основано при некое дејство на некоја сила, мускулот ја зголемува својата должина а при нејзино престанување се враќа во правобитната положба.Надразливост е способноста на мускулот да реагира на дразби. Спроводливост е способноста да пренесува инплуси. Контракнилност  е надразнетиот мускул да реагира со контакција(скусување,издолжување, пауза). Секој мускул е инервиран од централниот нервен систем од мотоневрони кои излегуваат од предните рогови на рбетниот мозок.Мотоневронот се разгранува и на тој начин инервира голем број на мускулни влакна.Спојот на мускул и мотоневронот од кој е интервиран се нарекува моторна единица. Мускулите можат да се делат според:формата и  бројот на главите и местото во телото, а споделба според формата, мускулите се поделени на:долги, куси и плочести. Долгите се наоѓаат на екстремитетите, кусите можат да бидат овални и кружни.Ги има на отворите на телото и плочестите ги градат ѕидовите на стомакот и градите. Поделба според бројот на главите се делат на: двоглави, триглави и четириглави и поделба според местото во телото и тоа: мускули на главата, мускули на трупот, мускули на горниот екстремитет и мускули на долниот екстремитет.
Зошто треба да вежбаме !
Многумина имаат впечаток дека вежбањето е резервирано само за билдерите и професионалните спортисти и воопшто не ги вклучуваат во својот режим на вежбање.Но ова се покажува како многу погрешен чекор .

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu