Home / Спортски настани / Спортски настани / Лазаровски веќе заигра во Саудиска Арабија

Лазаровски веќе заигра во Саудиска Арабија

Поранешниот играч на ракометниот клуб “Борец“ од Велес, десниот бек Ивица Лазаровски,  како што веќе знае велешката јавност потпиша договор со клуб од Саудиска Арабија. Ивица веќе се наоѓа во Саудиска Арабија и ексклузивно за спортскиот портал www.kineziologija.mk го даде и своето првото интервју за велешката, па и  македонска јавност.

Во кој клуб настапуваш и во која лига играш ???…. Како прво поздрав до велешани и поздрав до вашиот веб портал. Тука во Саудиска Арабија настапувам за AL SAFA-KLUB кој се натпреварува во супер лигата на Саудиска Арабија.

 

Во кој град се наогаш во Саудиска Арабија ? … Јас се наоѓам најточно во  Safwa, Ash Sharqiyah, Saudi Arabia

 

Како си примен од твојот нов клуб ? …. Во овој клуб сум одлично примен, народот е многу добар и дружељубив

 

За колку време имаш потпишано договор ? … Сега има потпишано договор за 4 месеци,  па ке видиме за понатаму

 

Има ли други странци во твојот нов клуб ? …Во клубот нема странци, јас сум само странец

 

Колку е јака лигата во споредба со нашата македонска супер лига ? … Колку што можам да заклучам и да осознаам, оваа лига каде јас се натпреварувам е појака за 30-40 % од нашата национална лига

 

Сметаш ли дека со искуството што ќе го стекнеш во Саудиска Арабија ќе успееш да најдеш место во македонската репрезентација или пак некој од водечките клубови во Македонија ? …. Па незнам дали би нашол место во националната репрезентација, а не се надевам многу дека би можел да најдам место и во нашите водечки клубови во Македонија. Можеби во некој клуб во странство, но сепак е рано за тие планови

 

Има ли разлика во тренажниот процес во Саудиска Арабија во споредба со Македонија ? ….Тука каде што јас се наоѓам не се чуствувам некоја разлика во тренажниот процес

Тренерот на твојот клуб од каде доага ? …. Тренерот е од тука, од Саудиска Арабија

 

Планови за понатаму ? … Па.. планови за понатаму, можно е да останам тука, а можно е да барам и нов клуб. Но затоа ке видиме кога ке дојде време. И тука продолжувам да играм на истата позиција десен бек.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu