Видови на stretching техниката

•    Stretching  е техника на истегнување на мускулите, која произлегла од јогата, а се базира на задржување во одредена положба.
•    Тоа е доста ефикасно средство за  телесна и душевна релаксација
•    Како што постојат различни видови на флексибилност, така постојат и различни видови на  stretching.

Балистички stretching
Тоа е метода која го користи моментот на подигнато тело или екстремите, а се со цел – постигнување на движење кое преминува во нoрмален опсег. Со помош на овој вид на stretching може многу добро да се развива динамичката флексибилност. Меѓутоа тука имаме и голем ризик од воспаление на мускулите или пак нивна повреда, но и повреда на врзивното ткиво.

Динамички stretching
Според авторот Круз, динамичкиот stretching преставува поместување на делови од телото и постепено зголемување на големината на движењето, брзината на движењето или двете заедно.
Динамички stretching  е сочинет од контролирани замавнувања на делови од телото, кои не ја преминуваат нормалната големина на движењето во одредени зглобови од коскениот систем (за разлика од балистичкиот stretching). Значи не се присутни силни и изразени движења, како ни т.н “трзивни“ движења

Активен stretching
Под овој вид на stretching се подразбира постигнување на истегнати позиции на мускулите и нивно одржување и тоа  исклучително со помош на агонистичките групи на мускули (спротивно од групата на мускули кои истегнуваат). Напрегнатоста на агонистите ги погодува антагонистите (група на мускули која истегнува) по пат на реципроцитетна инхибиција.

Пасивен stretching
Тоа е метода на stretching,  кај која се постигнува и одржува истегната позиција на мусулатурата, а сето тоа е постигнато со помош на друг регион мускули од телото, со помош на партнер или некое друго средство.

Статички stretching
Според авторот Алтер,  статичкиот stretching е сочинет од истегнување на мускули (или група на мускули) до неговата крајна точка, па се до задржување на истегнатата позиција, без помагала или помош од партнер. Значи има разлика помеѓу пасивниот и статичкиот stretching, затоа што кај пасивниот stretching телото потполно е релаксирано, додека пак кај статичкиот stretching сепак постои напнатост во одредени регии на телото.

Изометрички stretching
Тоа е вид на статички stretching (затоа што нема движења), кој вклучува и отпор од мускулни групи низ изометриска акција на истегнатиот мускул. Тоа е метода која најбрзо развива статичко-пасивна флексибилност.
Stretching–от се реализира на следниот начин:
–     постигнуваме позиција на истегнување на мускулите со пасивен stretching;
–   напрегнатите и истегнати мускули се трудат да го поместат објектот кои овозможува потпора, а воедно и да не се помести. Контакцијата ја задржуваме од 7 до 15 секунди;    
–    на крај ги опуштаме мускулите и задржуваме моменталната позиција најмалку 20 секунди

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu